Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за време на готвење

Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или зошто некогаш компирите потемнуваат кога ги варите?

zoshto-se-pojavuva-siva-obvivka-na-zholchkata-koga-varite-jajca-i-ushte-5-objasnuvanja-za-chesti-pojavi-za-vreme-na-gotvenje-01.jpg

Слободно можеме да го гледаме готвењето како изведување хемиски експерименти. Мешаме разни состојки, ги загреваме и добиваме нешто сосема друго.

Но неретко, дури и ако внимателно го следиме рецептот, можно е да се случат некои необични работи. А, секојпат причината се хемиските реакции во храната.

Во продолжение шест вакви појави и зошто се случуваат:

Зошто се појавува сива обвивка на жолчките на варените јајца?

Иако изгледа лошо, оваа сива обвивка е безопасна и не значи дека нешто не е во ред со јајцето.

Може да се појави ако ги варите јајцата многу долго, или ако има многу железо во водата што ги варите.

Обвивката е всушност хемиска реакција од сулфурот кој се наоѓа во белката и железото кое се наоѓа во жолчката на јајцето.

За тврдо варени јајца, ставете ги во вода што врие и варете ги најмногу 10 минути за да ја избегнете појавата на сивата обвивка. 

02.jpg

Зошто се формираат „дамки“ на површината од шолјата чај?

Сигурно сте забележале дека по некое време во шолјата чај, најчесто ако е црн или зелен, се јавуваат вид дамки.

Овие дамки се јавуваат кога правите чај со таканаречена тврда вода, односно вода која содржи повеќе минерали.

Тврдата вода има и повеќе калциум кој се сврзува со екстрактите од ливчињата чај и поради ова се формираат дамките.

И ова е безопасна појава која не треба да ве загрижува.

03.jpg

Зошто некогаш на компирите се појавуваат темни дамки кога ги варите?

Постојат неколку причини зошто можат да се појават овие дамки.

Некогаш причината е природната реакција која настанува поради железото во компирите. Можете да го спречите ова ако додадете малку лимонов сок или оцет во водата за варење.

Ако, пак, ги чувате компирите во фрижидер, ниската температура може да го претвори скробот во шеќер. Кога ги варите, овој шеќер потемнува. За да го избегнете ова, немојте да ги чувате компирите во фрижидер.

04.jpg

Зошто водата врие повеќе откако ќе додадете сол?

Кога водата врие, меурчињата се создаваат на дното на тенџерето и постепено излегуваат на површината. Ако додадете сол, нејзините кристали помагаат да се создадат повеќе меурчиња.

Покрај тоа, солта им го олеснува патот на овие меурчиња до површината, па изгледа како водата да врие повеќе.

Слично нешто би се случило и ако во вода што врие додадете шеќер.

05.jpg

Зошто тестенините се лепат едни за други?

Кога се варат, тестенините ослободуваат скроб, а токму овој скроб ги прави лепливи.

За да го избегнете лепењето, важно е често да ги промешувате, но и да додадете повеќе вода во тенџерето – на овој начин ќе се намали концентрацијата на скроб во водата.

06.jpg

Зошто салатата не трае долго во фрижидер?

Веројатно сте забележале дека ако ставите салата во фрижидерот, без разлика од кој зеленчук е направена, за само неколку часа изгледа овенато.

Причината за ова не е самиот зеленчук, туку преливите, како оцет и лимонов сок.

Поради овие состојки, зеленчукот како марула и краставици пушта повеќе вода, па овенува побрзо.

Затоа, препорачливо е да не ставате преливи на целата салата ако не сте сигурни дека ќе ја изедете целата.

07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg