8 трикови со кои ќе ја приготвите италијанската храна како Италијанец
Тестенините не треба да бидат преварени
Тестенините секогаш треба да бидат сварени „ал денте“, односно да не бидат многу меки и преварени бидејќи ова има влијание врз вкусот.
Најдобро е да ги следите инструкциите за варење на самата амбалажа на тестенините. Ако не сте сигурни, можете и да проверите – горниот слој на тестенините треба да биде мек и со посветла жолта боја, додека во средината треба да има тенка бела линија.
Домашниот доматен сос е многу повкусен од купечкиот
Италијанците преферираат домашен доматен сос наместо купечки.
За деновите кога немате време, можете да направите поголемо количество и да го чувате во замрзнувач.
За домашен доматен сос слободно можете да користите и конзервирани домати.
Препорачливо е во сосот да додадете и малку од водата во која се вареле тестенините – во неа има скроб, па ќе го згусне сосот.
Колку жолчки се потребни за карбонара сос?
Препорачливо е да ставите по една жолчка за секоја порција.
Односно, ако правите тестенини за двајца, ставете две жолчки.
И за овој сос употребете од водата во којашто се вареле тестенините.
Која е тајната за совршено тесто за пица?
Кога правите тесто за пица, идеално е ако можете да го оставите да отстои помеѓу 48 и 72 часа, во фрижидер.
Ако го чувате тестото на собна температура, доволно е да отстои помеѓу 6 и 10 часа.
Кога ќе ја правите пицата, премачкајте го тестото со малку маслиново масло и немојте да користите кечап, туку доматен сос - уште подобро ако е домашно направен.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





