8 трикови со кои ќе ја приготвите италијанската храна како Италијанец

Немојте да ги преварувате тестенините, а кога правите салата, дајте му предност на балсамико оцетот.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-podgotvite-italijanskata-hrana-kako-italijanec-01.jpg

Италијанската храна е превкусна, а обично се приготвува многу брзо, па не е ни чудно што е фаворит на многу луѓе од целиот свет.

Сепак, се чини дека секоја земја си менува некои правила кога станува збор за приготвување италијанска храна, а истото важи и за нас.

Ако ги преварувате тестенините и им ставате многу кашкавал, тогаш и вие спаѓате овде.

Па, како да ја приготвите италијанската храна како Италијанец?

Како да направите совршена лазања?

Постојат неколку грешки што ги прават повеќето луѓе кога прават лазања.

Најпрво, не заборавајте дека месото и зеленчукот со кои ќе го правите филот мора да бидат зготвени пред да ја направите лазањата.

Кога станува збор за филот, немојте да претерувате бидејќи лазањата ќе биде многу кашеста. Не треба да претерате ни со бешамел сосот од истата причина.

Лазањата треба да се пече околу 45 минути, а за да го спречите загорувањето на горниот слој, ставете алуминиумска фолија околу 20 минути откако ќе ја ставите во рерна.

Кога лазањата ќе се испече, оставете ја да отстои барем половина час.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-podgotvite-italijanskata-hrana-kako-italijanec-02.jpg

Користете балсамико оцет

Кај нас отсекогаш најпопуларен бил јаболковиот оцет, но балсамико оцетот им дава посебен вкус на салатите.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-podgotvite-italijanskata-hrana-kako-italijanec-03.jpg

Не претерувајте со кашкавалот

Ренданиот кашкавал, особено пармезанот, е задолжителен за повеќето јадења со тестенини.

Сепак, треба да бидете умерени бидејќи големото количество ќе го промени вкусот на тестенините и сосот.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-podgotvite-italijanskata-hrana-kako-italijanec-04.jpg

Кога можете, правете домашни тестенини

Обично правиме тестенини кога немаме многу време, но кога сте во можност вреди да направите и домашни.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-podgotvite-italijanskata-hrana-kako-italijanec-05.jpg

Уште четири трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава