Лиснатите печива и грицките на работа ги заменив со здрав оброк готов за минута – како ми успеа?

Важам за голем гурман и љубител на разновидна, вкусна храна, а секогаш сум се водела по правилото дека денот треба да се почне со храна што ќе ме најаде и држи во наредните неколку часа. Сепак, појадоците како бурек и печиво, или заедничка нарачка на брза храна со колегите во редакција, сега ги заменив со здрав оброк готов за 1 минута, a кафето почнав да го пијам со овесно-бадемово млеко.

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-001.jpg

Никогаш не сум била тип на човек што може да го почне денот само со овошје или корнфлекс и следниот оброк да ми биде дури после работа.

Брзото темпо на живот и работата пред компјутер некако погрешно нè научи на неправилен начин на исхрана и многу нездрави навики во текот на денот.

На пример, доаѓам на работа, денот почнува турбо и додека да се освестам, веќе e 11 часот, стомакот ми кркори и ме фаќа нервоза за јадење.

Посегнувам по шкафчето со грицки за брзински да ја задоволам потребата за храна или купувам лиснато печиво/сендвич од најблиската пекарница/сендвичарница и веднаш им се враќам на обврските.

Другото сценарио е со колегите заедно да нарачаме брза храна и да се насладиме со некој вкусен бургер, пица, гиро, но енергијата брзо да опадне и повеќе да ни се спие отколку што ни се работи. 

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-10.jpg

Има и такви денови кога сакам да си подготвувам хранливи и здрави оброци од дома, но по неколку последователни успешни обиди, повторно се враќам на старото.

Сепак, по низа несакани ситуации во околината, но и по негативните ефекти како проблеми со кожата, подуеност на стомакот и таложење на килограмите, си ја научив лекцијата и решив дека е време да се стави крај на овие навики, а дека со упорност може да се успее во промените. 

Колешките во канцеларија неодамна ги пробаа и ми ги препорачаа овесните каши на Boom Box, како идеја за најлесен и најбрз здрав појадок во период на „транзиција“, додека се навикнам на нов начин на исхрана.

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-02.jpg

На почетокот бев скептик дека инстант кашичка од ќесе ќе може да ме најаде и „држи“ сита, а и отсекогаш сум имала аверзија кон готовите овесни каши – ми имале силен и непријатен мирис, а текстурата ми била необична.

Но, сепак им дадов шанса и не се покајав, бидејќи со производите на Boom Box тоа не е случај, а веднаш ме придобија со уникатниот дизајн, со богатиот вкус и со тоа што немаат додадени шеќери. 

Готовите каши во тој период ми се погодија како „кец на десетка“, затоа што се лесно достапни во повеќе маркети и аптеки, ги има во различни вкусови за да не биде монотоно секој ден и најважно од сè, времето на подготовка на здрав оброк не може да биде изговор затоа што се прават за 1 минута.

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-04.jpg

Сега, добропознатото шкафче со грицки во канцеларија, е наполнето и со шарените пакувања на Boom Box и за секој ден од работната недела имам различен вкус.

Зависно од расположение и од времето кое сакам да го потрошам на подготовка, овесните каши некогаш ги подготвувам со топла вода, а им дадов шанса и на овесните пијалаци на Boom Box.

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-06.jpg

Кашите имаат убав вкус, добра текстура и секое залче се топи во уста, збогатени се со овошје или јаткасти плодови, а ги обожавам и гранолите, посебно онаа со чоколадо, кои по малку крцкаат, а истовремено на здрав начин ми ја задоволуваат потребата за благо, која морам да признаам станува сè поретка. 

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-09.jpg

Во кашите може да се додаде и свежо или замрзнато овошје, јаткасти плодови или кокос, но јас уживам во нивниот богат вкус без никакви дополнителни додатоци. 

Интересно е што по неколкудневно практикување на овесни каши за појадок, организмот ми се навикна на нив, па дури и за викенди кога сум дома и не брзам никаде, знам да го почнам денот со каша наместо со мрсен оброк, но гледам да правам и баланс во исхраната.

Овој појадок ме држи најадена, а ако огладнам до крајот на работниот ден, наместо нов оброк или нездрави грицки и благо, грицкам по неколку овесни колачиња од Boom Box, бидејќи се навикнав да си ја купувам целата палета на нивни производи, кои се практични за домашни оброци, за на работа, па дури и за закуски на излети или за патување, затоа што се идеално спакувани за носење во чанта или ранец. 

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-11.jpg

Бев изненадена и од овесното млеко со бадем, од неговата текстура и добар вкус, со оглед на тоа што не сум била воодушевена кога претходно сум пробувала други слични растителни пијалаци.

lisnatite-pechiva-i-grickite-na-rabota-gi-zameniv-so-zdrav-obrok-gotov-za-minuta-kako-uspeav-08.jpg

Овесните напитоци почнав да ги користам и за со утринско кафе, па сега редовно во фрижидер имам по еден овесен пијалак, најчесто бадемово млеко, кој освен за каши и кафе, го користам и за подготовка на други оброци, како чиа пудинг или смути. 

Придобивките од консумирање на овес се големи, а она што најмногу ми годи е тоа што ја зголемува енергијата, помага при варењето и не чувствувам тешкотии од пренајаденост во текот на денот како претходно, а дополнително производите не содржат шеќери за оние кои сакаат да го намалат внесот. 

Пакувањата им се уникатни и сигурно ќе ви го привлечат вниманието на рафтовите, а оние кои се заљубени во фотографирање, нема да пропуштат шанса да направат кул фотки за Инстаграм додека си ги подготвуваат вкусните и здрави оброци. 

Сите производи на Boom Box се на база на овес и се 100% вегански, на растителна основа. 

Содржат исклучиво природни шеќери од овес, овошје и други состојки.

Можете да одберете разни типови на овесни каши, пијалаци, колачи или гранола. Информациите за нивните нутриционистички вредности може да ги прочитате тука. 

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg