Во Македонија сакаме кисели краставички и туршија, но каква кисела храна се јаде низ другите земји?

Киселите краставички и целата туршија е навистина превкусна, но дали знаете каква кисела храна се јаде низ светот? На пример, во Бразил се јадат кисели компири. Би пробале ли?

vo-makedonija-sakame-kiseli-krastavichki-i-turshija-no-kakva-kisela-hrana-se-jade-niz-drugite-zemji-01.jpg

Во продолжение погледнете какви кисели специјалитети се јадат во земјите низ светот: 

Манго (Индија)

Кисело манго постои низ многу земји од Азија, но најчесто се приготвува во Индија. Откако ќе се исчистат, сецканите парчиња од мангото се оставаат целосно да се исушат на летното сонце пред да се конзервираат со сол, масло и различни зачини.

Вкусот на кисело манго може многу да варира во зависност од регионот во кој е направен. На југ, користат масло од сусам, а на север масло од синап.

Кисела харинга (Шведска)

Најосновната верзија на кисела харинга се комбинира со сол, оцет и зачини, но има и различни додатоци за ароми, вклучувајќи сенф. Во Шведска, ниту една вечера не би била комплетна без оваа храна.

Кисели компири (Бразил)

Во Бразил се луди по киселите компири, а најчесто ги комбинираат со месо и колбаси, некогаш ги печат на скара или прават салата. Љубителите на зачини им додаваат и чили, како и други зачини што ги имаат во кујната.

Кјури зуке (Јапонија)

Ова претставува малку солена и кисела јапонска краставица, која е една од најпопуларните во Јапонија.

Може да се сервира тенко исечкана како освежителна салата или да се нареди на стапче. Јапонците го користат како гарнир, заедно со ориз или компири.

Торши (Израел)

Торши, туршијата на Блискиот Исток, може да се најде насекаде од Авганистан до Ерменија, а потекнува од персискиот збор torsh, што во превод значи кисело.

Иако постојат бројни видови торши направени од свеж зеленчук, еден од најпопуларните се прави од остатоци од репка. Репката се става во оцет, сол, вода и многу лук.

Кимчи (Јужна Кореа)

Кимчи е составен дел од историјата на храната на Јужна Кореја со векови, толку многу што е национално јадење на земјата.

Кимчи е храна која доаѓа од 1700-тите кога чили пиперките биле воведени во Кореја, давајќи ѝ на ферментираната зелка еден пикантен удар.

Иако има бескрајни варијации, стандардниот рецепт за кимчи вклучува зелка, лук и чили пиперки. Денес, Јужнокорејците консумираат 40 килограми кимчи по човек секоја година.

Мостарда ди фрута (Италија)

Ова претставува мешавина од свежо и сушено овошје во оцет (или вино) и сенф. Понекогаш може да изгледа како џем или желе, или како овошни парчиња во сируп.

Обично се служи заедно со месо и сирења и може да се каже дека е нешто како кисел сируп од овошје и сенф. Чудна комбинација или не?

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава