Чести кулинарски грешки кои сигурно и вие ги правите несвесно

Дали го читате рецептот до крај пред да почнете со готвење? А, дали си ја собирате косата?

chesti-kulinarski-greshki-koi-sigurno-i-vie-gi-pravite-nesvesno-01.jpg

Без разлика колку сте искусни во кујна, голема е веројатноста несвесно да правите некои мали грешки кои некогаш имаат влијание врз вкусот и текстурата на храната.

Дел од најчестите во продолжение:

Не ја зовривате водата пред да го ставите зеленчукот

Ако варите зеленчук како морков или брокула, препорачливо е прво да ја зовриете водата, па потоа да го ставите во тенџерето.

Овие зеленчуци се варат релативно брзо, па затоа е добро да ги ставите во врела вода.

Но, од друга страна, ова не важи за компирите – нив секогаш треба да ги ставате во студена вода бидејќи им треба подолго време да се сварат.

chesti-kulinarski-greshki-koi-sigurno-i-vie-gi-pravite-nesvesno-02.jpg

Не ја миете даската кога сечите повеќе намирници

Ако треба да исечете повеќе намирници на даската, препорачливо е да ја миете пред да почнете со другиот продукт.

Ова е особено важно ако на даската сечете живо месо – бактериите од него лесно можат да завршат на другите намирници.

chesti-kulinarski-greshki-koi-sigurno-i-vie-gi-pravite-nesvesno-03.jpg

Пржите или печете влажен зеленчук

Вишокот вода на влажниот зеленчук ќе го направи многу помек отколку што треба.

Затоа препорачливо е откако ќе го измиете и исечете, да го оставите да се исуши.

chesti-kulinarski-greshki-koi-sigurno-i-vie-gi-pravite-nesvesno-04.jpg

Не ги читате рецептите до крај

Пред да почнете да готвите, задолжително прочитајте го рецептот до крај.

Вака ќе можете однапред да ги подготвите состојките и да го испланирате времето.

chesti-kulinarski-greshki-koi-sigurno-i-vie-gi-pravite-nesvesno-05.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава