Христијан Стојановски за животот во Тајван: „Присуствував на реална воена вежба, го посетив најголемиот храм“

„Тајван е една од ретките држави каде сите се активни на спортски план. Во спортските центри не одат само млади, туку и луѓе на возраст од 60 до 80 години, па и повеќе. Тие се во подобра физичка форма од двојно помлади луѓе во другите земји, што ми беше шокантно“, вели моделот Христијан Стојановски, кој 3 месеци живее во Тајпеј.

hristijan-stojanovski-za-zhivotot-vo-tajvan-prisustvuvav-na-realna-voena-vezhba-go-posetiv-najgolemiot-budistichki-hram-01.jpg

Македонскиот интернационален модел Христијан Стојановски, откако живееше и работеше во Индија, Индонезија и на Филипините, се пресели во Тајван. Таму е веќе 3 месеци, а живее во главниот град, Тајпеј.

Иако има многу модни ангажмани, кастинзи и фотосесии, Христијан наоѓа време и да ужива и да ја истражува земјата, за која вели дека е прекрасна.

IMG_9176.jpg

Тој за CRNOBELO.com раскажува за времето поминато во Тајван и работите кои му оставиле најсилен впечаток.

„Иако е мала држава-остров, Тајван се смета за една од најнапредните држави, не само на Пацификот, туку и во светот. 

Најпознати се по микрочиповите кои ги произведуваат, а од кои зависи цел свет бидејќи се користат секојдневно и насекаде.

IMG_8803.jpg

Но, покрај тоа што се технолошка велесила, не може да се занемари убавината на оваа држава, како и необичните градови исполнети со зеленила, будистичките храмови, тесните улички во кои доминираат кинеските симболи, како и втората највисока зграда во светот (по Burj Khalifa во Дубаи) - 101 Building.

IMG_8716.jpg

Разновидноста на нивната храна, исто така, ми остави огромен впечаток. Има доста локални ресторани каде што има супер избор и што е најважно - сè е свежо.

Бидејќи е остров, секогаш и секаде има голем и одличен избор на свежа риба и секаков вид морски плодови.

Но, се навикнав и на нивните локални специјалитети како говедска супа од нудли, тофу, локални овошни плодови и слично.

IMG_9690.jpg

Со сигурност можам да кажам дека Тајван е една од ретките држави што сум бил, а каде луѓето се грижат за себе и се доста активни на спортски план.

Во спортските центри не одат само млади, туку и луѓе на возраст од 60 до 80 години, па и повеќе.

Тие се во подобра физичка форма споредено со двојно помлади луѓе во другите земји, што лично за мене беше шокантно, но и секаде го раскажувам како позитивен пример што треба да го следиме.

IMG_8931.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
На одмор со Бранко на Мајорка: „Летавме преку Софија, изнајмивме автомобил за 300€ - храната не ме в... „Случајно се погодивме таму додека шпанската репрезентација играше натпревар на ...

Најчитани неделава