Христијан Стојановски за животот во Тајван: „Присуствував на реална воена вежба, го посетив најголемиот храм“

Уште на самиот почеток на мојот престој тука, решив слободното време да го искористам посетувајќи ги најатрактивните дестинации што ги нуди островот, како Sun Moon Lake, Elephant Mountain.

Бев на планинарење на доста врвови, водопади, а го посетив и најпознатиот храм изграден во чест на Chang Kai Shek, херојот на многу Тајванци и човек кој успеал да го одвои Тајван од Кина.

IMG_8940.jpg

Граѓаните на Тајван се цврсто врзани за нивната татковина и одбиваат повторно соединување со Кина и нивниот политички систем.

На неколку наврати низ улиците на градот забележав знаци на изградени подземни засолништа, како и тренинг центри и курсеви, на кои се учи ракување со огнено оружје, па ми стана јасно дека луѓето се подготвени и за најлошото можно сценарио.

IMG_9218.jpg

Во еден момент во центарот на градот бев сведок и на воени вежби од страна на тајванските службеници. За момент помислив дека се наоѓам на прагот на нова војна и модерна верзија на тоа што се случувало во Перл Харбур, но тогаш добив СМС порака со најава „Аir disaster exercise“.

e56b3430-0dee-4703-9474-71d8267a4970.JPG

Овие околности не беа некое посебно изненадување за мене, бидејќи пред да се одлучам да потпишам договор и да дојдам во Тајван, истражував многу за земјата.

Кога ми стана јасно што навистина се случува, ме облеа чувство на несигурност и токму поради тоа цврсто одлучив да се соочам со стравот и да аплицирам за виза уште наредниот ден.

IMG_9710.jpg

Од работен аспект можам да истакнам дека сум задоволен, дел сум од елитни модни ревии и настани, а како најголем успех ја сметам фотосесијата со дијаманти за престижниот италијански бренд Damiani

74c55153-f6a4-4c53-babb-b9376a468201.JPG

9734f4ef-aaf0-4f13-83ca-c5030770fa0b.JPG

Повеќе фотографии од Тајван на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
На одмор со Бранко на Мајорка: „Летавме преку Софија, изнајмивме автомобил за 300€ - храната не ме в... „Случајно се погодивме таму додека шпанската репрезентација играше натпревар на ...

Најчитани неделава