Маринела oд Македонска Каменица живее во Швајцарија: „Цирих е исклучително чист и безбеден - сè е совршено организирано“
Какви се по поле професија Швајцарците?
Швајцарците се многу посветени, дисциплинирани и детално ориентирани кон работата.
Тие се обучени да размислуваат аналитички, да работат ефикасно и да се држат до однапред дефинирани цели.

Многу се професионални и со високо ниво на одговорност.
Работата ја сфаќаат како дел од идентитетот, но исто така внимаваат на балансот со приватниот живот. Тоа создава чувство на мир и стабилност.

Колку е различна Швајцарија за доживување како турист и како граѓанин таму?
Како турист, ја гледаш нејзината убавина, природата, чистотата и редот.

Но, како граѓанин ја доживуваш нејзината суштина – сигурноста, ефикасноста на системот, почитта што се добива на секое ниво.
Како жител, уште повеќе ја цениш организацијата и животниот стандард кој го нуди ова општество.

Најдобра и најлоша карактеристика на локалците?
Најдобра е тоа што се грижливи, дисциплинирани и исклучително организирани.
Најлоша е што тешко се отвораат и може да изгледаат ладно и дистанцирано.

Има ли многу Македонци што живеат таму? Се дружите ли?
Да, има доста Македонци и за среќа и јас и мојот свршеник имаме блиски членови од нашите семејства тука. Навистина сме благодарни за тоа.
Меѓу нашите, но и меѓу сите од поранешна Југославија, постои блискост и чувство на заедништво. Често соработуваме и се дружиме.

Каде одат локалците на одмор? Во кои земји?
Најчесто патуваат на егзотични дестинации како Малдиви, Дубаи, Тајланд, Грција или Шпанија.
Ценат квалитетен одмор и спокој.
