На одмор со Драгана и Михаил во Сиде, Турција: „Ден пред поаѓање резервиравме преку агенција во хотел само за возрасни“
Сакавме дестинација што е блиску до аеродромот, без долги трансфери, а агенцијата ни предложи хотел само за возрасни – токму она што ни беше потребно за вистински одмор.
Иако идејата беше повеќе да се релаксираме, повторно не можевме да одолееме, па секој ден откривавме нови места.

Летот траеше нешто повеќе од еден час и беше навистина пријатен.
Искрено, оваа година воопшто немавме желба со часови да чекаме на гранични премини, па авионот беше вистинскиот избор.

Хотелот нè воодушеви уште од првиот момент. Целосно реновиран, модерен, естетски уреден и беспрекорно чист.
Со концептот „all inclusive“ навистина не размислувавме за ништо.

Одлична храна, разновидни коктели, кафе, сладолед, освежителни пијалаци… сè ни беше на дофат.
Убаво е чувството кога можеш безгрижно да шеташ без паричник и едноставно да уживаш во моментот.

Хотелот имаше и сопствена плажа со лежалки, барови и закуски, па сè беше организирано така што одморот навистина течеше лесно и без грижи.
Единственото нешто што би го издвоила како мал предизвик беа високите температури и големата влажност, но тоа е нешто што едноставно е дел од турското лето.

За време на престојот го посетивме и „The Land of Legends“, место кое со право го нарекуваат турски Дизниленд.
