Ивана Јариќ: „Љубовта ме одведе во Бразил, јавниот превоз им е ужасен, плажите - рај“

Какви се во љубовните врски? На колку години стапуваат во брак? Имаат ли модерни сфаќања? Дали бракот им е светост или има многу разводи?

Бразил е мултикултурна држава, од еден до друг крај на државата има големи разлики во начин на живот, образование, култура и религија. Има многу млади мајки и бремени девојки, дефинитвно е потребно сексуално образование во поглед на заштита и планирање на семејство.

Фактот што самохраните мајки добиваат парична поддршка од државата и е задолжително плаќање на алиментација за децата многу девојки се мајки само за да не се вработат и да живеат од издршка.

Градинките се исто така бесплатни. Секојдневие е една жена да има деца од различни мажи или маж да издржува повеќе жени од еднаш. Младите се прилично промискуитетни. Тука важи она непишано правило, ако таа или тој е сингл, тогаш може да спие со кој сака. Ова е претежно во фавелите во Рио и Сао Пауло или на северот на Бразил кој е посиромашен и неразвиен.

Од друга страна религијата е прилично јака, за вистинските верници, католици, бракот е навистина свет, се негуваат традиционални вредности на семејството, одење на миса во недела и меѓусебно помагање. Пред брак се опуштени, без обрвска и само за забава, но во брак се верни и посветени на партнерот и семејството.

Во последната декада многу се распространува Евангелистичката црква, почитуваат строги принципи на живот и според мене, стапуваат во брак многу млади, дури и пред 18 години. Со оглед на бројот на население, има најразлични сфаќања за бракот и семејство и важно е што немаат предрасуди на сексуална ориентација.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-02.jpg

Каква е климата? Се навикна ли лесно?

Не и ми е страв дека никогаш нема да се навикнам. Не сум љубител на студено и снег ама веќе ми недостига. Не ми пречи топлото време, тука сувиот воздух и спарноста.

Планираме да се преселиме покрај езеро, па верувам дека ќе ми биде полесно. Јас сонував за куќа на плажа, но таму е премногу влажно и опасно.

Сега тука е пролет и во моментов е 39 степени. Имам преносен навлажнувач на воздух и секаде е со мене.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-12.jpg

Колку е различен Бразил за доживување како турист и како граѓанин таму?

Сè уште го немам доживеано Бразил како прав граѓанин, бидејќи сме во карантин. Но, според моето досегашно искуство ми се допаѓа. Ги сакам вечерните пазари за овошје и риба, модерните трговски центри и парковите. Нашиот мал град е безбеден и пристапен со добри опции за вработување.

За туристи Бразил е совршенство бидејќи е комбинација од прекрасна природа, плажи, водопади и целоноќни забави, богата и разновидна култура и вкусна и интересна кујна.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-05.jpg

Најдобра и најлоша карактеристика на локалците?

Како најдобра дефинитивно тоа што се среќни и насмеани, тој латински дух, забавни и пријателски настроени. За најлошо тоа што многу малку говорат англиски јазик, па имам тешкотии при комуницирање иако зборувам португалски.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-08.jpg

Како те прифаќаат како дојденец? Има ли многу странци што живеат таму?

Интересна сум им. Иако го зборувам јазикот, дијалектот ме издава, па сите ме прашуваат од каде сум, никогаш немаат чуено за Македонија, па секогаш им раскажувам за нашата историја, но нив ги интересира зима и снег.

Имам пријатели кои исто како мене, работеа на брод и пронајдоа љубов во Бразил. Странци има поради тоа што има многу странски инвестиции и фабрики на познати брендови.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-09.jpg

Омилено место во Бразил?

Островот Ilha Grande (Голем Остров) во Рио де Жанерио. Тоа е див остров, недопрена природа, без урбанизација, асфалт и згради. Само мали куќарки, тесни улици, прекрасни плажи, водопади и многу палми и бујна, зелена вегетација. Морето е кристално чисто, совршено за нуркање.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-13.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
Ристе од Скопје за посетата на Лондон: „Авионски билет се наоѓа и за 20€, градот е многу небезбеден ... „Туристичка виза се добива исклучиво преку онлајн апликација бидејќи кај нас нем...
Мартина од Битола ја посети Латинска Америка: „Ми се допадна месото од лама, не ме исплашија кримина... „Во Буенос Аирес го гледав дербито Ривер - Бока и мислам дека секој вистински љу...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...

Најчитани неделава