Даниела патува со камион со сопругот Дарко Влогс: „Бевме во Ново Мексико на Фестивал за балони - незаборавно искуство“


Даниела патува со камион со сопругот Дарко Влогс: „Бевме во Ново Мексико на Фестивал за балони - незаборавно искуство“

„Како што веќе сите знаеме, Дарко е камионџија веќе долг период, па дојде и денот и јас да му се приклучам во неговите авантури. Прва авантура ни беше Фестивалот на балони Ново Мексико. Имаше можност и да леташ со балон меѓутоа сè беше резервирано од пред една година“, раскажува Даниела Станковска од Битола за уникатниот Фестивал на балони во Ново Мексико.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-01.jpg

Даниела Станковска од Битола неодамна стапи во брак со познатиот камионџија и инфлуенсер Дарко Влогс со интимна церемонија на Хаваи, а сега веќе парот има нова авантура.

Даниела патува со камион со Дарко Влогс низ САД, му прави друштво во текот на работното време, но попатно организира и посета на забавни дестинации и настани, а првата од низата што следува им беше Фестивалот на балони во Ново Мексико.

За CRNOBELO.com таа раскажува за нивната авантура:

„Како што веќе сите знаеме, Дарко е камионџија веќе долг период па дојде и денот и јас да му се приклучам во неговите авантури. 

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-11.jpg

Досега, освен автопат, зеленило и градовите што ги гледал низ прозорец додека вози, нема многу видено и прошетано низ Америка поради тие камионџиски обврски, па затоа сега кога сум со него, решив да ги направам нашите долги патишта далеку поинтересни и позабавни.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-12.jpg

Во секоја држава во која патуваме барам некои атракции кои можат да се посетат (без разлика дали сме во можност или не).

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-14.jpg

Па, така, кога влеговме во Ново Мексико (држава која на сите им е позната по пустините и филмовите со мафија), сосема случајно отворив и видов дека има фестивал за балони кој се одржува секоја година во октомври и е најголемиот настан за балони во светот, а за среќа наша се движевме токму низ тој град - Алберкурки каде и се случуваше сето ова.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-02.jpg

Оваа година, овој настан славеше 50 години од своето постоење. 

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-06.jpg

Секоја година има над 100.000 посетители. 

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Мартина Митовска: „Се вљубив во Мексиканец, живеам на една од најубавите туристички дестинации во св... „Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум во Мексико се едни од најатрактивните туристич...
Никола од Скопје за животот во Мексико: „Тука фотографирам свадби, локалците се друштвени, но тешко... Никола од Скопје пред 6 години љубовта го однесе во Мексико, каде работи фотогра...
Патувањето на Around Gaia продолжува: „Комбето е сега наш дом и ќе посетиме што е можно повеќе места... Да се патува четири години со мотор, да се живее од ден за ден, да се посетат 70...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg