„На пазарот во Мароко има музика на која играат кобри, Сингапур е најскапата земја, а Камбоџа е шампион за нехигиена – луѓе уринираат на улица“, вели Љупче Трајчев и нè „носи“ на разни краишта во светот.
Сака да кампува среде шума, да си готви манџа од коприви на огинче, да бере печурки и чаеви... Емилија Мицевска ја обожава природата во Македонија и ни ги раскажува најинтересните искуства како тоа кога ѝ влегла крава во шатор..
Александра ни пренесува дел од своите искуства од Колумбија од каде едвај се вратила поради корона вирусот. Вели дека Богота е напорен град за живот, но и вистински рај едновремено. Ни раскажува за ниските цени во Колумбија, љубезните луѓе, највкусниот рум и најубавите зајдисонца на плажа.
„Луѓето што живеат во идиличните швајцарски села се повлечени, а кравите им се светост, но тие живеат блиску до најубавите езера и најволшебните водопади на светот од кои не можам да се наситам“, вели 31-годишната скопјанка Ивана Кушлич.
На планината Јабланица се наоѓа едно од најмагичните места во Македонија. Амер Демиши нè носи таму…
Од живописните Колешински водопади до незаменливиот Галичник и полињата со расцветани праски во Росоман, ајде за миг да отпатуваме низ нашата прекрасна татковина.
„Возење со џип низ пустината во Чад, крстарење со веспа низ цел Бали остров, искачување на највисоката точка на светот во Дубаи на Бурџ Калифа со суперсоничен лифт...
Од водопади до езера и манастири, Македонија навистина има убавини што ја полнат душата.
„Имам посетено повеќе од 30 земји, но никогаш нема да ја заборавам дружбата со племето Масаи во Танзанија, одличниот ноќен живот во Либан и контрастите на традицијата и модерното во Израел, вели 26-годишната скопјанка.
Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат средина, професија. Обожава да патува, но и да готви. Кико работел како готвач во италијански ресторани во Германија и во Англија и вели дека одлично се снаоѓа во кујна.
„Најсреќните луѓе ги видов во Малезија, најморничавото искуство го доживеав во Лас Вегас, а мојата најголема авантура ми беше пливањето со ајкули во Јужна Африка“, вели 24-годишната скопјанка.
Се поминува огромно територијално пространство, во купеата се игра шах, карти и други друштвени игри, патувањето чини од 1.500 до 3.000 евра и секој треба да се охрабри барем еднаш да замине на вакво необично патување - Максим Точевски го раскажува искуството од патувањето со Транссибирска железница.
„Дозволата за искачување на Аконкагва е 630 евра, експедициски чевли чинат 500 евра, а од тешки експедиции се имам враќано и 5 килограми послаба, но планинарењето е најдобрата храна за душата“, вели младата скопјанка Маја Бошкоска.
Најубавите жени што ги запознал Горјан Зивчевски се Колумбијки, град во кој со задоволство би се преселил е Валенсија, а дестинација што нема да ја заборави е Кина. Kaко патува овој 29-годишен Македонец низ светот?
Приказната за Дарко Шкутоски од Скопје поседува нешто што многумина можат да се пронајдат во неа. Животот во населбата Ѓорче Петров, која Дарко ја смета...
„Доколку се придржуваш кон тоа што ти го кажуваат водичите на турите, радијацијата што ќе ја акумулираш за време на посетата е минимална“, раскажува скопјанецот за својата посета на местото на најголемата нуклеарна катастрофа.
„Летот до Финска беше долг и напорен, но вредеше… Бевме сместени во прекрасна дрвена куќа на финско семејство, шетавме по замрзнато езеро и појдовме во куќата на Дедо Мраз. Оваа земја е магична“, вели 27-годишната скопјанка.
Силве и Тони, освен што се брачен пар од Скопје, тие се авантуристи и космополити, но пред сѐ големи вљубеници на мотори.