„Индија е земја на различности - јадење на улица во Индија е 20 денари, а пиво во елитно диско 350 денари, еден човек проси, а тој спроти него има три килограми злато на него“, раскажува скопјанката Павлина Ефтимова.
Патувањата на љубовните двојки често знаат да се претворат во најинтересните спомени од нивните животи.
„Цените на становите вртоглаво растат од година на година, а храната е само малку поскапа од Македонија, но и да сте дојденец, ако сте посветени и сакате да работите, тогаш ќе успеете на Малта“, открива Оливера Ѓоревска.
Авантуристичкиот дух на Даница Стојановска од Кавадарци никогаш не мирува. Социолог по професија, со интересна листа на хоби: планинарење, алпинизам, аутдор активности...
Таа е Мила, прекрасно македонско девојче кое го живее својот сон. Работи како стјуардеса речиси 4 години и ја има привилегијата да посети градови и места низ светот кои се сон на секој од нас. Нејзините фотки успешно ни го одземаат здивот на социјалните мрежи, па посакавме да дознаеме нешто повеќе за Мила и нејзиниот начин на живот.
Македонија има луѓе со кои навистина треба да се гордее. Особено кога станува збор за храбри девојки кои успешно се борат и ги реализираат своите замисли. Не знаеме колку од вас слушнале за Маја, Александра и Ана, но ние сме сигурни дека ќе ви претставува задоволство да знаете дека тие се првата македонска женска експедиција на Хималаите.