Запознајте го 3-годишниот „Могли“ од Охрид (фото)

Могли засекогаш ќе ни остане во срцата како детето од џунглата, но такво детенце вљубеник во природата има и во Охрид. Боси ноџиња во трева, истражување на поточиња, прошетки во природа му е омилено, а виновникот за тоа да се вљуби во природата е неговата мајка Ирена Ивановска (36) од Охрид.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-01.jpg

Ирена Ивановска (36) од Охрид е мајка на 3-годишното момче Томи, кое е познато како охридскиот Могли, поради неговата љубов кон природата.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-02.jpegМогли

И, се разбира, токму Ирена е причината зошто Томи е вљубен во природата. Таа смета дека клучно е родителите да направат децата да ја сакаат, ценат и штитат природата.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-18.jpg

Ирена за CRNOBELO.com говори зошто ѝ било клучно Томи да ја засака природата:

„Првите пет години се навистина важни за развојот на детето. Во текот на овие години, родителите можат позитивно да влијаат на благосостојбата на децата во текот на целиот живот, преку создавање висококвалитетни можности за учење и созревање.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-05_copy.jpg

Како мајка на тригодишно детенце, важноста на овој развоен период ми е на прво место.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-09.jpg

Природата обезбедува многу доживотни придобивки за физичкото и менталното здравје. Изложеноста на витамин Д е здравa за коските и помага да се минимизираат проблемите поврзани со дијабетес и срцеви заболувања.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-03_copy.jpg

Дури и играњето со нечистотија се покажало дека го намалува нивото на анксиозност и стрес кај децата.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-04.jpg

Сметам дека воведувањето на децата во различни природни средини може да им помогне да размислуваат подалеку од нивната непосредна околина и да изградат добра перспектива.

zapoznajte-go-3-godishniot-mogli-od-ohrid-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Неда Маленков од Охрид, специјализант по радиологија, е трета докторска генерација во своето семејст... „Потекнувам од докторска фамилија, и дедо ми и татко ми беа доктори, па тоа беше...
Мери Бајрамовска за CRNOBELO: „Ќе ја шминкам Дани Димитровска за свадба, откако цело лето ги шминкав... „Сите се многу природни и спонтани со мене додека ги шминкам. Привилег...
Трансформацијата на Александар Танкоски (34): „Сфатив дека не сум пример за моите деца - тоа ме разб... „Секој ден се будев со страшни главоболки. Мачнина. Нервоза. Мрзливост. Немав ен...
Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Стојан од Охрид, жртва на семејно насилство: „Татко ми беше алкохоличар, мајка ми ме тепаше, немавме... „На татко ми пијанството му стана секојдневие, а со тоа дојдоа и караниците, нав...
Љубовната приказна на Стефани и Денис од „Дуо Дис“: „Дојде кај мене на работа и ме запроси додека им... „Свадбата беше на плажата Потпеш во Охрид, а венчавката во црквата Св. Јован Кан...

Најчитани неделава