Александра Михајловска, актерка: „Ако не веруваш во бајката што ја создаваш на сцена, нема да веруваат ни децата“

„Секоја детска претстава носи приказна којашто треба да едуцира, но и да ја разбуди имагинацијата на децата кои што гледаат како пред нив се создава еден цел друг свет на сцена. Децата искрено веруваат во тоа што го гледаат на сцена, искрено се плашат, се воодушевуваат и се радуваат, затоа имаме одговорност да ги поставуваме овие претстави крајно внимателно“, раскажува Александра Михајловска.

aleksandra mihajlovska akterka ako ne veruvas vo bajkata sto ja sozdavas nema da veruvaat ni decata 12

Александра Михајловска е актерка во Театар Куманово и од нејзиното вработување во театарот речиси секоја сезона работи на нова претстава.

Во продолжение следува разговор со Александра која ни открива за ангажманот на театар Куманово, а посебно се задржуваме за важноста на детскиот театар и придобивките од истиот.

Неодамна во Театар Куманово беше премиерата на претставата „За кого бијат камбаните“ според Ернест Хемингвеј, во режија на Мартин Кочовски во кој играше скоро целиот ансамбл. Како беше восприемана претставата од страна на кумановската публика?

Да се постави Хемингвеј на театарска сцена е голем предизвик. Секоја сериозна театарска институција мора да има ,,железен репертоар“, односно да има големи класични автори поставени на сцена.

Со Мартин зборувавме за хуманоста, за сочувството, за љубовта и смртта во војна. Соработката со него за мене лично беше големо искуство во кое научив нешто ново, и во кое можев да се видам во поинакво светло.

Ваквите процеси се добри и значајни не само поради продуктот, туку и поради целокупното чувство на ансамблот и сите вклучени. Мартин работи колективни претстави во кои секој член на и зад сцената мора да биде максимално инволвиран во процесот. За нас ова беше важна премиера.

Театар Куманово е еден од најстарите театри во државата, оваа година славиме 75 години постоење. Кумановската публика знае да препознае квалитетна претстава. „За кого бијат камбаните“ ќе биде на редовниот репертоар од септември.

aleksandra mihajlovska akterka ako ne veruvas vo bajkata sto ja sozdavas nema da veruvaat ni decata 10

Што е она што најмногу поминува кај домашната публика? Точно ли е дека комедиите секогаш се најпосетени?

Најмногу поминува она што знаеш добро да го пласираш. За да ,,помине“ добро една претстава не е важен само продуктот, или жанрот на претставата, туку и вашиот маркетинг план, вашата таргет група на гледачи, односот со публиката, и целата репертоарна политика на театарот, која е многу повеќе од само продукција на претстави.

Комедиите се секогаш најпосетени во сите градови во светот. Тоа не е нешто специфично само за Куманово, и јас не се согласувам дека во Куманово поминуваат само комедии.

Ние имаме и секогаш сме имале и драми, трагедии и алтернативни претстави кои што се играле и се барало билет повеќе.

Нормално е комедиите да се продаваат полесно затоа што секогаш ќе има поголем број на публика којашто театарот сака да го посети како место во кое ќе се забавува. Тоа не е погрешно.

Но, наша должност е да понудиме и продукти кои што ќе ги задоволат и потребите на публиката којашто сака малку поинаков театар. Куманово е голем град и ние секогаш сме имале публика за сите наши претстави.

 aleksandra mihajlovska akterka ako ne veruvas vo bajkata sto ja sozdavas nema da veruvaat ni decata 6

На помладата публика посебно им си позната од претставите „Трнорушка“ и „Малата Сирена“ , како пристапуваш кон приказните и ликовите кои треба да бидат претставени пред најмладите?

Јас секогаш со радост прифаќам улоги во детски претстави затоа што детските претстави се една сериозна обврска на секој театар. Од моето вработување во Театар Куманово досега, речиси секоја сезона работам нова детска претстава.

Моментално ја работиме ,,Црвенкапа“ и искрено се надевам дека децата ќе уживаат во неа.

Кон детските претстави пристапувам со многу љубов.  Децата се најискрената публика и нема ништо поубаво од очиња на дете кое што во вас го гледа ликот кој што сте го играле на сцена, и верува во светот што сте го создале.

 aleksandra mihajlovska akterka ako ne veruvas vo bajkata sto ja sozdavas nema da veruvaat ni decata 2

Како театарот за деца придонесува за поттикнување на имагинацијата, креативноста и емпатијата кај детските умови?

Секоја детска претстава носи приказна којашто треба да едуцира, но и да ја разбуди имагинацијата на децата кои што гледаат како пред нив се создава еден цел друг свет на сцена.

Децата искрено веруваат во тоа што го гледаат на сцена, искрено се плашат, се воодушевуваат и се радуваат, затоа имаме одговорност да ги поставуваме овие претстави крајно внимателно. 

Но, сакам да нагласам дека детските претстави не се добри само за децата, туку и за театарот како институција. Детските претстави се директна инвестиција во нова и театарски едуцирана публика.

Публиката во театар ја создава самиот театар со неговата репертоарна политика и план за работа. Публика којашто од најмала возраст прати театар секогаш ќе биде покритична, поинтелектуална и поинволвирана, а тоа е нешто што го посакува секој театар.

aleksandra mihajlovska akterka ako ne veruvas vo bajkata sto ja sozdavas nema da veruvaat ni decata 4

Александра каква е улогата на театарот за деца во запознавање со важни теми и животни лекции на младите гледачи?

Кога зборуваме за детски претстави, ние често ги забораваме претставите за млади. Тоа се претстави за младинци и тинејџери кои што разработуваат теми директно поврзани со тоа што ги засега младите.

Една од најважните вакви претстави во којашто сум играла јас беше „Драга Јелена Сергеевна“ во чиј што фокус е темата на насилство и поместувањето на моралните вредности на младите.

Вакви претстави треба да има повеќе и мора да се оддржуваат на репертоарот, затоа што секогаш ќе има нова генерација на публика којашто треба да ги гледа.

 aleksandra mihajlovska akterka ako ne veruvas vo bajkata sto ja sozdavas nema da veruvaat ni decata 1

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Даниел Николовски, фризер и шминкер: „Елена Ристеска ми е како сестра, Наташа Беквалац е најзабавнат... „Наташа Беквалац, која со право важи за една од најубавите жени на Балканот, е и...
Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и по... „Секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита. Од кога паметам з...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
Дизајнерката Коцарева ни открива детали за венчаниците на Александра Шијакоска: „Таа сакаше цвет и р... „Александра ме праша дали е подобро да има ракавици или само еден ракав од стран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg