Виктор од Скопје за животот на Сицилија: „Цените на островот се високи, но има гламур, плажи во карипски стил и совршена кујна“

34-годишниот Виктор, по професија проектен менаџер, вели дека го обожава италијанскиот лајфстајл, нивната кујна, а посебно стилот на облекување и приказната за долче вита (убав живот). Додава дека нему му е интересно дружењето со локалци и запознавањето на нови култури и приказни.

viktor-od-skopje-za-zivotot-na-sicilija-lokalcite-se-prekrasni-no-bi-im-stavil-avtomatski-kocnici-vo-soobrakajkot_-01.jpg

Виктор (34) од Скопје ни препорачува да го посетиме островот Сицилија надвор од летниот метеж, а на списокот што да видиме ги вбројува Трапани за плажи во карипски стил, Чефалу и Палермо за филмски слики, Таормина за гламур, Катанија за Етна и Ното и Сиракуза за архитектура.

Тој по професија е проектен менаџер и вели дека го обожава италијанскиот лајфстајл, нивната кујна, а посебно стилот на облекување и приказната за долче вита (убав живот). Додава дека нему му е интересно дружењето со локалци и запознавањето на нови култури и приказни.

View this post on Instagram

A post shared by Viktor Miloshevski (@viktormiloshevski)

Во интервју за CRNOBELO.com ги споделува впечатоците од животот на Сицилија:

Од Македонија се пресели во Италија и зошто токму Сицилија?

Од Македонија се преселив во Шпанија, па во Италија, па пак во Шпанија и со пандемијата случајно останав на Сицилија.

View this post on Instagram

A post shared by Viktor Miloshevski (@viktormiloshevski)

Како се навикна на италијанскиот начин на живот?

Пред да се преселам доста патував низ светот и Европа и италијанскиот лајфстајл секогаш ми беше симпатичен, особено модата, храната и приказната за долче вита.

Од мое искуство, Италијанците се малку дрски со странски туристи, како те прифатија како странец и сограѓанин?

Уффф, ароганцијата е доста присутна во италијанската култура особено кон странците, но во најголем дел од случаите не е оправдана, па така што води до комични ситуации.

Многу од луѓето што работат во индустријата околу туризмот немаат патувано надвор од Италија или надвор од Европа и имаат сосема искривена слика за животот надвор од Италија. Како странец мораш да се бориш за своето место под сонцето, но во мојот случај не оставив простор за друг избор, мораа да ме прифатат…

Дали го научи јазикот, посебно нивниот типичен сицилијански дијалект?

Италијанскиот го зборувам, но сицилијанскиот не, бидејќи нема потреба, они најчесто го зборуваат во кругот на фамилија или по селата и помалите места.

Какви се цените на островот и дали цените се менуваат согласно со туристичката сезона?

Цените се високи и најчесто не се оправдани. Во принцип не се менуваат за сезона, туку се константно високи цела година.

Јас бидејќи има прошетано и доста шетам надвор од Италија можам да кажам дека најчесто соодносот цена и вредност за тоа што го добиваш не се компатибилни. Најчесто ги преплаќаш работите и не добиваш добра услуга.

Какви се локалците?

Локациите се прекрасни, целиот остров е приказна без крај. Од Етна до малите архипелази на острови, покрај брегот и барокните села високо во планината со водопади и пештери за истражување, Сицилија има сè ама буквално сè.

Најубавите работи на Сицилија како локации, плажи и природа се најчесто бесплатни.

Кое е твоето омилено место на островот или омилена плажа?

Уфф, има многу навистина, можеби Еолианските острови (Aeolian Islands) што ми се баш во соседство и ги гледам од тераса секој ден. Таму има сè, плажи со црн песок, вулкани што еруптираат секој ден, кактуси и море.

За плажа како плажа една од омилените ми е плажата во карипски стил којашто гледа кон Италија на теснецот кај Месина што ние ја викаме Торе Фаро.

Италијанската кујна ни е добропозната, но има ли некој сицилијански специјалитет кој ти го обожаваш?

Сицилијанската кујна за мене е можеби меѓу топ 3 во светот, затоа што ги надминува сите бариери на класичната италијанска кујна и има примеси од арапската, шпанска и француска кујна.

Најомилени ми се специјалитетите со риба и морска храна генерално, каде што голем дел од јадењата како паста на пример се подготвуваат со риба сабјарка, кус-кус со морски плодови, полнета лигња и секако „пица ала норма“ со модри патлиџани и рикота димена во фурна.

Италијанците се опседнати со храна и затоа храната е со висок квалитет.

Дали има Македонци на островот и колку се дружите?

Поим немам дали има бидејќи јас досега никој немам сретнато. Мене ми е интересно дружењето со локалци и запознавањето на нови култури и приказни.

Често Италијанците ги доживуваме како гласни и кавгаџии, но според тебе, какви се тие како колеги, пријатели и партнери?

Гласни се и „павтаат“ со раце, односно доста експресивно гестикулираат, во секоја ситуација и лоша и добра. Менталитетот е доста балкански, нема ништо заедничко со западноевропски така што не е некоја голема разлика од тоа што сум го доживувал во Скопје.

На пример Шпанците се со сосема друг менталитет и се многу поразлични од Балканците и Италијанците.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg