Чичко Живо (92) веќе 7 децении живее во Бразил, неговата ќерка е горда на македонските корени: „Тргнавме за САД, но останавме тука“

„Сакавме да одиме во Америка, ама не успеавме и завршивме во Бразил“ - вели за CRNOBELO.com, Живо Николовски (92), кој веќе седум децении живее во Јужна Америка. Неговата ќерка Елисабет Николовска, пак е горда на своите македонски корени, и иако за првпат ја посетила Македонија во 2011-та година, таа се потрудила да го научи јазикот и гордо вели дека е Македонка.

chichko-zhivo-92-vekje-7-decenii-zhivee-vo-brazil-negovata-kjerka-e-gorda-na-makedonskite-koreni-trgnavme-za-sad-no-ostanavme-tuka-01.jpg

Родум од битолското село Жабани, на своја 20-годишна возраст, Живо Николовски, заедно со својот татко, брат и братучед стигнале во Бразил, кој повеќе од седум децении е негов дом.

„Сакавме да одиме во Америка, ама не успеавме и завршивме во Бразил“ – вели за CRNOBELO.com 92-годишниот Живо, кој со своето семејство живее во бразилскиот град Куритиба.

Неговата ќерка, Елисабет Николовска, раскажува дека штом стигнале во Бразил, нејзиниот татко, дедо и чичко прво работеле во полето на градежништво бидејќи не го знаеле јазикот.

chichko-zhivo-92-vekje-7-decenii-zhivee-vo-brazil-negovata-kjerka-e-gorda-na-makedonskite-koreni-trgnavme-za-sad-no-ostanavme-tuka-03.jpg

Најголемиот број на иселеници работат во градежништво во Бразил. Подоцна, како што го совладувал португалскиот јазик, Живо почнал со свој бизнис. Прво, имал свој бар, а подоцна отворил своја работилница и продавница за чевли.

„И денес, на 92 години, тој сè уште поправа чевли“ – вели Елисабет која додава дека и покрај годините, нејзиниот татко е сè уште активен.

Чичко Живо е женет за Бразилка, Сирлеи, а неговата ќерка е првата генерација на Македонци родени на бразилска територија.

cicko-zivo-vekje-sedum-decenii-zivee-vo-kuritiba-a-negovata-kjerka-e-prva-generacija-na-makedonci-rodeni-vo-brazil-03.jpg

„Таа од мајка ми научи да готви македонски јадења, а бидејќи живеевме со моите родители, научи и да зборува македонски јазик“ – раскажува чичко Живо. Тој тажно додава дека порано имало повеќе Македонци во Бразил, но некои починале, а другите си заминале.

chichko-zhivo-92-vekje-7-decenii-zhivee-vo-brazil-negovata-kjerka-e-gorda-na-makedonskite-koreni-trgnavme-za-sad-no-ostanavme-tuka-02.jpg

За овие 70 години само ја двапатии ја има посетено Македонија, првиот пат дури 63 години откако ја напуштил.

Неговата ќерка, Елисабет (44), е мажена со Бразилец, Фабио и заедно ги имаат 11-годишните близнаци, Елена и Рафаел. Елена е со традиционално македонско име, а синот со бразилско.

„Кога јас се родив, фамилијата на татко ми веќе имаше имигрирано во Канада, па јас немав многу контакти со Македонија. На мои 15 години почнав повеќе да се интересирам за моите корени и да ја разбирам разликата во култура“ – раскажува таа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...

Најчитани неделава