Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвувавме 2 месеца“

Ти се има ли случено несакана ситуација, некогаш тортата да се распадне, да се уништи дизајнот и како се справуваш? Дали си правел торта одново во последен момент? 

Некогаш најголемиот предизвик во оваа професија може да биде транспортот, чувањето и изложувањето на тортата, т.е логистиката, а не самиот креативен процес.

Еве еден конкретен пример: правевме голема свадбена торта за прослава во Струга и се случи, при транспорт, да се оштети декорацијата на најдолниот дел од тортата.

Моравме да размислуваме брзо и да побарам помош од пријател, локална вешта жена, што ни помогна експресно и умешно да ја санираме декорацијата.

Ја доведовме до такво совршенство пред да биде изложена, што, инцидентот што за мене лично беше огромен стрес, за нашите клиенти остана дури незабележан и непознат.

Сепак – наше е да испорачаме, нивно да уживаат.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-3.jpg

Што е потребно за една торта да изгледа совршена до најситен детаљ, а фигурите како да се реални? Може ли секој да го научи тоа? Што ве прави поразлични од другите?

Прво и основно како и за секој тип на уметност треба базична дарба, потоа прецизност во изработката, како и изострено око за детали што може да процени дека процесот на изработка на совршениот Мики Маус, на пример, кулминира со двете клучни бели точки во црнката на окото, т.е отсјајот на светлината што ја дава живоста на фигурата.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca--3.jpeg

Баш тоа и нè прави посебни. Не мислам дека секој може или треба да научи да прави фигури.

Секој жив човек си има одредени предиспозиции и тоа е убавината на човештвото – разновидноста.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-004.jpg

Колкав е реално рокот на траење на тортите и од што зависи тоа? Како може да се препознае расипана торта?

Едно од најтешките и најголемите проблеми во слаткарството… Тортата треба да изгледа како совршен предмет, но треба да се јаде и да биде превкусна, дека нели тортата останува во очите, но оди во стомакот.

Рокот на траење на тортите е неколку денови, затоа процесот на изработка захтева брзина во изработка на декорација, брзина на транспорт.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-05.jpeg

Колку се значајни квалитетните состојки за вкусот на тортата? Дали сите делови од тортата се јадливи?

Визуелниот момент е првиот што привлекува, но секако дека вкусот е тој што ги тера луѓето да се вратат повторно назад.

Самиот факт дека имаме клиенти што ни се верни со децении, зборува погласно од што било друго. Имаме палета од повеќе од 30 различни вкусови, значи за секој по нешто.

Со текот на времето луѓето почнаа да бараат што поголеми торти, а тоа доведе до нужноста од внесување на таканаречени „лажни катови“, т.е делови што не се јадливи.

Исто во последната година актуелни се и анимираните торти, торти што се вртат, свират, светат, на коишто треперат крилја од пеперутки и слично, а тие делови секако не се за јадење, туку само умешно се вметнати меѓу нив за да ги исполниме желбите за декорација.

Се случува ли некогаш да немаш волја и креативност за изработка на торта? Или секогаш си расположен за подготовка, кој и да ти побара приватно?

Волјата и инспирацијата најмногу ги губам кога од мене се бара да копирам нешто што веќе е правено.

Сакам слобода во креативноста, тоа ми е најголем предизвик. Сите мои клиенти знаат дека сум достапен повеќе од 24/7. 

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-08.jpeg

Како сте сигурни за издржливоста на тортата? Може ли да се случи да се распадне?

Сите големи торти што ги правиме бараат добро решение во однос на статиката на тортата, не само во однос на изгледот.

Би можело да се рече дека големите торти ги „градиме“ затоа што во самата торта има своевидна арматура којашто ја држи тортата стабилна, сигурна и совршена сè до моментот на сечење.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-4.jpg

Колку се клиентите подготвени да платат скапо за добра торта? Колку чинела најскапата торта што ја имаш направено?

Секој сака да плати за да му се оствари сонот - за роденден, свадба, годишнина. Но не секој знае колку реално тоа чини…

Најскапата торта... тоа е релативно зависно за кого - што е скапо (нели околу бои, цени и вкусови не се дискутира).

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-02.jpeg

Правиш ли секаква торта каква што ќе ти побараат или некогаш сугерираш ако нешто не е добро или едноставно не можеш да го изработиш? Пратиш ли трендови?

Секоја желба и замисла побарана од клиентите е добредојдена, но секогаш сум тука за да сугерирам што најдобро и најоригинално може да испадне.

Секој тренд е на прв поглед на мојот Инстаграм… Сакам новитети и предизвици, сепак сè тоа тоа што го работам е за бизнис и опстанок на повеќе фамилии…

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-003.jpg

Колку е тешко слаткарството и изработката на торти како професија?

Имаме работено и цел ден и цела ноќ… некои работи не можат да се направат од прва.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-5.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Кирјакула од Тетово е мајка на предвреме родено бебе: „Едно од близнаците не преживеа, цели 65 дена ... „Кога се разбудив по царскиот рез, ми кажаа дека имам две мали синчиња чиј живот...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Никола Поповиќ, стенд-ап комичар: „Публиката најмногу се смее на теми за работата во македонски фирм... „Пред првиот настап се борев во себе со она 'што ако се посрамам, па ќе им биде ...
„Мој омилен десерт е 'фореста нера' со пенливо розе“: Интервју со еден од најдобрите слаткари на све... Тој е еден од најдобрите слаткари во светот. Маестро Федерико Анцелоти неодамна ...
Скопјанецот Никола е физиотерапевт во кинескиот олимписки тим: „Ме тестираа 3 месеци, задолжен сум з... „3 месеци Кинезите ги тестираа моето знаење и стручност, но се докажав во 1-иот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg