Србинката Горана љубовта ја донесе во Македонија: „Веќе 13 години Скопје ми е дом, тука ми се родија синовите“

„Во Македонија дојдов на одмор, со братучетка ми бевме во Охрид и таму го запознав Бојан, тоа беше летото 2010 година, a веќе во 2012 направивме свадба и по една година го добивме нашиот прв син...“, вели Горана Јовановски-Јуруковски (38) за CRNOBELO.com.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-donese-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-01.jpg

Горана Јовановски-Јуруковски, моминско Ракиќ, (38) е родена во Белград, но љубовта ја довела во Скопје и Македонија ѝ е дом веќе 13 години.

Таа е во брак со саканиот Бојан веќе 12 години, а заедно ги имаат синовите Сергеј (11) и Лорен (5).

Работи како пилатес инструктор и дел е од српскиот културно информативен центар СПОНА во Скопје.

За CRNOBELO.com ја споделува својата приказна:

Што те донесе во Македонија, а што те задржа тука?

Во Македонија ме донесе љубовта, бев млада кога го запознав Бојан, поточно тоа беше летото 2010 година во Охрид.

Отидов со братучетка ми на одмор и една обична вечер во убав летен амбиент во еден охридски локал влезе мојот сегашен сопруг Бојан.

Се запознавме и цела вечер игравме. Веќе на таа прва средба почувствував некоја необично убава енергија и оттогаш сè е судбина.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-14.jpg

Волшебниот Охрид остави трага во мене бидејќи таму ја сретнав љубовта на мојот живот.

Љубов на далечина беше голем предизвик, а на моменти беше навистина тешко.

Секој викенд едвај чекавме средба. Имавме договор еден викенд јас да доаѓам во Скопје, а еднаш Бојан во Белград.

Бевме лудо вљубени и за нас тоа не беше напорно, туку возбудливо.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-02.jpg

Но, само неколку месеци по нашето запознавање, Бојан реши да ме однесе на викенд во Маврово за мојот роденден.

Во хотелот Радика, во преубав амбиент, го прославивме мојот роденден и кога очекував торта, во собата се појави Бојан со прстен и тоа беше знак дека е време да почнеме живот заедно.

Токму оттука започнува мојата приказна во Скопје.

Таа 2012-та година кога дојдов во Скопје бев прва инструкторка по стомачен танц во Скопје, обучував повеќе од 100 жени, имав настапи, убави дружби и спомени.

Работев и како пилатес инструктор и се запознав со многу жени и за кратко време стекнав добри пријателки, кои се со мене и до ден денес.

На 21 октомври 2012 година правевме свадба, а после една година на овој свет и во нашиот живот дојде нашата прва љубов - синот Сергеј.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-09.jpg

Какви спомени носиш од Белград?

Кога сакам да се претставам секогаш со гордост кажувам дека сум родена белграѓанка.

Белград е голем и навистина интересен град, кој ќе ми биде секогаш во срцето.

Таму беше моето среќно детство, убавите спомени од гимназија и од, за мене, најубавиот факултет за спорт и физичка култура.

Кога ќе се спомене Белград, на ум ми доаѓа мирисот на мојот град, мојата фамилија, реките Дунав и Сава. Честопати ми недостига, но не е толку далеку и често кога ќе почувствувам тага, барам начин барем на кратко да му се вратам.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-11.jpg

Што ти се допаѓа најмногу во Македонија?

Кога дојдов во Македонија се заљубив во чудесната природа и, се разбира, највкусната храна.

Секој викенд како дечко и девојка со Бојан патувавме низ Македонија и ми беше сè убаво и ново.

Бев воодушевена што толку мала држава има толку многу прекрасни места со душа и мир, нереална природа, планини и  езера.

Најмногу го засакав Скопје на пролет, поради мирисот на липа на Партизанска улица.

Сега кога имам две деца сè е поинаку, работа, обврски околу децата, но и прашања дали животот за децата е добар тука.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-06.jpg

Како е тука да се растат деца?

Кога се мали, Скопје е добар град за растење на децата, нуди можности со убави паркови, патека за велосипеди, планината Водно со чист воздух и можности за пешачење со деца, но секако би сакала кога ќе пораснат сами да си одлучат дали да продолжат со школување тука или во Белград или можеби и на некое сосема друго место во иднина.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg