Бојан Ковски за изложбата во која нацрта 16 голи тела: „Однапред ги спремам моделите за да нема неочекувани ситуации“

„Времето потребно за сликање едно тело зависи од комплексноста на дизајнот. Обично, ми беа потребни околу 5 до 7 часа. Најмногу време ми требаше за Ангелина Китановска, бидејќи користев циркони кои еден по еден се лепеа на телото“, вели уметникот Бојан Ковски за CRNOBELO.com. 

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-01.jpg

Нашиот уметник Бојан Ковски, кој долги години слика на голи тела, повторно постави нови стандарди во уметноста кај нас.

Овој пат, тоа го направи со изложбата Carra, која на крајот на октомври беше претставена во Националната опера и балет.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-12.JPG

Посетителите имаа можност да видат 12 уметнички дела, направени од наши познати фотографи, а кои преку својот објектив ѝ дадоа „живот“ на идејата на Бојан и истовремено ги пренесоа на фотографија емоциите на моделите чии тела беа исцртани со боја.

Инспирацијата за оваа изложба на Ковски е иконата на италијанската музика, Рафаела Кара, а секое дело раскажува приказна поврзана со нејзините песни.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-18.jpg

Модели на изложбата, чии тела беа исцртани со боја се Калтрина Круезиу, Ведрана Ѓорѓевиќ, Александар Динев, Ангелина Китановска, Миа Араби, Антонија Гиговска, Даниел Николовски, Иван Ајнштајн, Никита Сабот, Еха Арт, Арѓенд Ѓиѓа, Стефан Стефановски, Катерина Попева и Пиксел.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-02.JPG

За изложбата, која предизвика воодушевување и бројни позитивни реакции, Бојан зборува во разговор за CRNOBELO.com:

„Изложбата Carra ја подготвував околу 6 месеци. Овој период вклучуваше не само создавање на самите уметнички дела, туку и планирање на темата и изработката, просторот, избор на модели и подготвување на комплетниот концепт на изложбата.

Имав вкупно 16 модели, кои учествуваа секој во делото наменето за нив, и се трудев секој од нив да биде уникатен во своето изразување.

Кога станува збор за времето потребно за сликање на едно тело, тоа зависи од комплексноста на дизајнот.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-07_copy.JPG

Обично, за едно дело ми беа потребни околу 5 до 7 часа.

Најмногу време ми требаше за Ангелина Китановска, бидејќи користев циркони кои еден по еден се лепеа на телото, што го направи процесот подолг.

Од друга страна, Миа Араби ми беше еден од најбрзо насликаните модели, бидејќи дизајнот беше помалку комплексен и повеќе минималистички, што овозможи брзо поставување на основните бои и облици.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-14.JPG

Кога работам со модели, најчесто на почетокот на секој процес им давам јасни инструкции во однос на облеката и секогаш им кажувам однапред што ќе им биде потребно и како да се подготват за да не дојде до неочекувани ситуации.

Во зависност од дизајнот, моделите можат да носат долна облека или понекогаш не, ако тоа е потребно за самото дело, но тоа не е нешто што би требало да го засега или интересира гледачот.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-19.jpg

Имаше и такви што ме одбија, нормално е да не прифатат сите модели, секој со свои причини. Но, кога ја споделив идејата со моделите кои беа дел од оваа изложба, тие беа навистина заинтересирани и возбудени за овој концепт.

Беше важно да им објаснам дека ова не е само изложба, туку уметничко патување кое ги поврзува телото, бојата и движењето, во еден храбар и иновативен контекст.

Сите на кои им ја претставив идејата беа среќни што ќе учествуваат и ќе бидат дел од ова.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-08.JPG

Ова е само почеток на еден поголем пат. Приказната завршува со оваа изложба, но работам на идеи за проширување на концептот и негово поставување и во други простори.

Размислувам и за нови форми на соработка со други уметници и креативци од различни делови на светот, што ќе ми дозволи да ја доразвијам и пренесам оваа уметност на нови платформи и пред нова публика.

Секогаш сум мотивиран да создадам нешто ново и возбудливо, па ќе видите нови уметнички проекти кои ќе следат и ќе бидат дел од оваа моја еволуција во уметноста“.

bojan-kovski-postavi-novi-standardi-vo-umetnosta-crtav-po-telata-na-16-modeli-izlozhbata-ja-spremav-6-meseci-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојан Чунде за хемофилијата: „Бавно ми прекинува крвавењето, како дете кога ќе паднев ме плашеше пан... „Хемофилијата ми е дијагностицирана како бебе на 2 месеци, после појавување на н...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...

Најчитани неделава