Елена Вукановска, наша стомачна танчарка: „Настапувам со познат турски пејач и одам на светски натпревари по ориентален танц“

„На мое огромно задоволство настапувам со бендот на Каан Мазхар, најдобриот балкански турски ориентален пејач, а во Скопје прва изведував стомачен танц со свеќник на главата кој тежи 10kg, што бара огромен баланс на телото“, споделува Елена Вукановска (34), инструкторка по ориентални танци, за CRNOBELO.com.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-01.jpg

Елена Вукановска (34) од Скопје по професија e економист, но e голем вљубеник во уметноста како танц и поезија.

Таа ја подготвува и својата прва книга „Гол Живот“.

Eлена учествува на разни светски натпревари по ориентален танц, настапува со познат турски пејач, а работи и како инструкторка по ориентални танци.

За CRNOBELO.com Елена споделува детали за љубовта кон танцот:

Како започна да се занимаваш со стомачен танц? Пред колку време? Колкупати неделно вежбаш?

Љубовта кон стомачниот танц ми се јави во основно училиште, првенствено поради љубовта кон ориенталната музика, како и интригата од мистиката кон тој свет кој до неодамна беше непознат за нас.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-11_copy.jpg

Професионално танцувам 10 години, а инструктор сум повеќе од 5 години.

Минимум вежбам 3 пати неделно, а настапувам професионално двапати неделно со своето студио „Ориентал”, а останатото време го користам за истражување на видеа за нови светски трендови во танцот.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-05_copy.jpg

Што те привлече најмногу кај овој вид танц? Кој беше најголемиот предизвик што го имаше на почетокот?

Стомачниот танц има една посебна техника на грациозност и држење на телото преку која се добива една исклучителна женственост на мистика и елеганција.

Тој се издвојува од другите танци со уникатноста на движењата со кои се вежба целата силуета на женското тело.

Големиот предизвик кај овој танц е токму она што го наведов погоре, односно да се остане доволно заводлива и елегантна, а притоа тоа тотално да се разграничи од секаква вулгарност.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-07.jpg

Дали спортуваш и внимаваш на исхраната?

Јас водам здрав живот и верувам во изреката „во здраво тело здрав дух“ - без пороци.

Освен танцот, неколкупати неделно посетувам теретана за да бидам во фит форма.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-05.jpg

Имаше ли на почетокот негативни коментари од одредени личности и проблем во прифаќањето на овој начин на танцување?

Секако дека негативни коментари постоеја на почетокот, но и ден денес и претпоставувам дека ќе продолжат да постојат затоа што ваквиот тип на танц не е ниту близок, ниту познат на нашата култура.

Но, јас се надевам и гледам дека младите генерации се веќе запознаени со него поради социјалните мрежи и големата реклама на државите од Блискиот исток, каде што овој танц е дел од тамошната култура и претставува гордост за нивното општество и со задоволство го истакнуваат тоа пред своите туристи.

Младите го следат тоа на интернет и сè се повеќе заинтересирани за изучување на оваа уметност и танц. Тоа особено ме радува.

Со тек на своето искуство научив да се носам со секаков вид на коментари кои веќе немаат никакво влијание врз моето расположение, ниту кон мојата професија, ниту кон љубовта за самиот танц.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-12_copy.jpg

Колку твоето тело се промени откако се занимаваш со стомачен танц? Ти се оцртуваат ли стомачните мускули од тренинзите или сепак за овој вид на танц е убаво да се има стомаче?

Танчарките со стомачиња се веќе одамна мит, а современите се со убаво обликувано тело.

На телото при редовно вежбање секако се подобрува самата конституција зацврстеност и еластичност, кои ни се многу важни на нас жените.

elena-vukanovska-nasha-stomachna-tancharka-nastapuvam-so-poznat-turski-pejach-i-odam-na-svetski-natprevari-po-orientalen-tanc-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Љубовната приказна на Александар Белов и Јелена: „Дојде да ме поддржи на ‘Танц со ѕвездите’, имавме ... „Бидејќи свадбата беше во Србија, никој не очекуваше дека ќе имаме и наша традиц...
Викторија е наша стомачна танчарка, што живее во Швајцарија: „Играв ориентален танц и во 8-миот месе... „Имам многу награди од меѓународни фестивали, но најмило ми е што лани бев гости...
Христина Митрашиновиќ, наша балерина, за CRNOBELO: „10 причини зошто си ја обожавам професијата“ „Леснотијата што публиката ја гледа е резултат на години труд, повторувања и бол...

Најчитани неделава