Психолог м-р Тиана Ивановска, која беше на терен во Кочани: „Прифаќањето на лузните на телото е комплексно, но поважно е да се работи на траумата“

По целата оваа ситуација која ги погоди сите, сигурно многу родители ширум земјата живеат во страв да ги пуштат децата да излезат за да не им се случи нешто, како да се справат со таа параноја? Или совет за оние кои можеби веќе имаат општо страв од гужви и такви места?

Ноќниот живот и забавувањето се составен дел од постоењето на секој млад човек и како такви се нужно потребни за развивање на социјални вештини.

Не е решение да бегаме од она кое нè плаши, туку напротив, да развиеме механизми на препознавање каде сме безбедни и кои дискотеки, кафулиња и локали можат да ни го овозможат она што е пропишано законски.

intervju-so-psiholog-m-r-tiana-ivanovska-06.jpg

Како да се справат оние кои мислат дека немаат причина за живот затоа што ги изгубиле најмилите?

Исклучиво преку барање на психолошка, психотераписка или психијатриска помош. Ваквиот тип на мисли не се за игнорирање затоа што животот на човекот е приоритет број еден.

Кои се најголемите грешки што луѓето ги прават во тој период кога ќе се соочат со загуба? Или пак, грешките на нивните блиски кои во обид да помогнат одмагаат? Дали од психолошки аспект, има вистина во тоа дека не треба да ги сожалуваме луѓето кои се во тага, туку напротив, да им покажеме дека се силни и нормално да се однесуваме со нив, а притоа да им дозволиме да тагуваат? Но, кој е вистинскиот начин за да не се премине границата? 

Според мене не постои унифициран рецепт за она што е правилно да се каже или направи. Самиот поим сожалување е прекрасен концепт за емпатија и сочувство при тага.

Во нашиот јазик овој збор преку преносно значење добил негативна конотација па оттаму и чувството дека да сожалуваме некого е лошо.

Напротив, според мене секој човек кој за нешто жали има потреба од луѓе кои со него сожалуваат.

Тоа не значи дека тие луѓе не веруваат во неговата сила и здрав капацитет да се издигне туку дека ги земаат в предвид настаните кои му се случиле и одбираат нежност и разбирање.

intervju-so-psiholog-m-r-tiana-ivanovska-007.jpg

Некои луѓе кои поминале низ ваква трагедија, чувствуваат како да веќе не смеат да се насмевнат, па ако нешто им измами случајна насмевка, чувствуваат вина за тоа. Како да се справат со тие чувства?

Насмевнувањето и бивањето среќни не значи дека длабоко во себе не тагуваме. Загубите се нешто кое сите го носиме во себе, но со тек на време учиме да живееме со нив.

Верувам дека сите блиски кои сме ги загубиле, гледаат во нас и се радуваат со нас кога ние сме среќни.

Кои се долгорочните психолошки последици од целата оваа ситуација? Ќе треба ли многу време за сите засегнати да закрепнат од оваа колективна траума? Кој е вашиот генерален совет за продолжување со животот каков што беше пред оваа трагедија? (иако никогаш веќе нема да биде исто)

Не сум љубител на психолошки прогнози бидејќи секој човек е различен карактер.

Колективно, пријатно сум изненадена од отвореноста и поддршката која македонскиот народ си ја пружа во овие тешки времиња, секој правејќи го она што најдобро го знае.

Сметам дека со задржувањето на ваквите механизми, како народ би имале многу посветла иднина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Интервју со Горан Тонев, гитаристот од ДНК: „Благодарен сум на Бога – откако отворив очи тоа ми е гл... „Ми следат уште интервенции и третмани, како за изгорениците, така и за дишните ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Уживам во љубовта со Иван, живееме убав живот“ „Пред некој ден на аеродромот во Сплит го влечев по мене куферот, а во главата м...
Интервју со Отец Бобан Митевски: „Ненамерното омрсување не го нарушува постот, нема верник без одење... „Денешниот човек се осамува, свртува кон себеси. Нема место за другиот. Затоа е ...
Интервју со Даниела Христов, ембриолог: „Ни се случуваат чуда, но пациентите лажно се уверуваат дека... „Пациентите не можат сами да одлучат дали ќе прават ин витро – таа одлука ја нос...
„Понекогаш одморот е поважен од тренингот“ – интервју со д-р Димитар Милошески од „МС Спорт Медика“ Во време кога активниот начин на живот станува тренд, а фитнес-салите, трчањето ...
Александра Петровска, психолог: „Работам со жени кои се срамат да кажат дека имале спонтан абортус, ... „Во Македонија, за жал, голем дел жени сè уште се плашат или се срамат да го спо...

Најчитани неделава