Стефани Стерјоска е девојка со впечатлив моден стил - купува чанти од земјите кои ги посетува, обожава одела
- Детали
- недела, 01 јуни 2025
„Мојот стил би го опишала како елегантно дамски. Преферирам светли, нежни тонови - бела, беж, крем, кои внесуваат свежина и префинетост во секоја комбинација, но и црвено и црно“, вели Стефани Стерјоска (24) од Скопје за CRNOBELO.com.
Стефани Стерјоска (24) од Скопје e магистер по мода и луксузни брендови, а работи како маркетинг менаџер.
Таа е девојка со впечатлив моден стил, но и вљубеничка во патувања, а досега ги посетила, речиси сите европски земји, како и: Малдиви, Сејшели, Бали, Сингапур, Маурициус итн.
За својот моден стил Стефани открива за CRNOBELO.com:
„Мојот стил би го опишала како елегантно дамски, класичен со доза на суптилна современост.
Преферирам светли, нежни тонови - бела, беж, крем, кои внесуваат свежина и префинетост во секоја комбинација.
Но, кога станува збор за вистинска елеганција, не ги прескокнувам ни безвременската црна и црвена боја - симбол на стил, сила и мистерија.
Сакам и добар класичен костим да искомбинирам со маички, кошули, или ролки во зимските денови…
Оделото ми нуди бескрајни можности за комбинирање на стилови и бои, од деловна строгост до софистицирана елеганција, па дури и лежерен шик, во зависност од чевлите или модните додатоци.
Оделото го носам со штикли за формални пригоди, но подеднакво добро изгледа и со мокасинки или дури и со патики за модерен, урбан изглед.
Токму затоа класичниот костим е парче облека на кое посветувам особено внимание и со задоволство вложувам во него, затоа што секогаш ми ја зајакнува самодовербата.
Чантите и штиклите се моја вечна слабост. Имам богата колекција чанти, секоја со своја приказна, најчесто донесена од некое патување низ светот.
Долго време живеев во странство, најмногу поради студиите, што ми даде можност почесто да се почестам со брендирани чевли и чанти, кои ми се вистинска радост.
Накитот е неизбежен дел од секоја моја комбинација. Преферирам богати и грандиозни, но и класични златни парчиња, едноставни, но со длабочина, кои неретко не ги вадам со денови.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





