Стефани Стерјоска е девојка со впечатлив моден стил - купува чанти од земјите кои ги посетува, обожава одела
Поседувам парчиња накит кои ми се особено драги, подароци со емоционална вредност, кои носат спомени и нежност и ги носам како амајлии.
Голем љубител сум на патувања. Често знам да го испланирам следното бегство во последен момент, потпирајќи се на интуицијата и желбата за нови доживувања.
Обожавам далечни, егзотични дестинации, со култури, навики и пејзажи што се далеку од она на што сме навикнати во Европа.
Ме пленат токму тие светови што носат непознато, што го разгоруваат духот и ја збогатуваат душата.
Но, со подеднакво задоволство одбирам и блиски места за викенд уживање, како забава во Белград, сончање на грчка плажа или прошетка по блиските планини.
Секое патување е нова приказна, нова искра во секојдневието.
Од секое патување носам спомен, кој ме враќа назад во тие убави моменти.
Инаку, за мене, стилот не е само мода, туку начин на живот, патување низ времето, сеќавањата и себеоткривањето“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





