Наташа Малинкова за родниот град: „Како деца во Кавадарци ручавме на лозје и се возевме со кајчиња по Тиквешкото Езеро“
Глетката е особено убава ноќе.
И ден денес знам да го посетам тоа место, ми прави да се чувствувам посмирена, задоволна и благодарна.

Витачот, Дванаесетте Ваташки другари и Моклиште се места каде одевме на пикник за Први мај со моето друштво.
Редовно со години беше збиралиште на сите генерации. Овде се среќававме со сите додека шетавме низ природата по патеките.

Ако не знаеш каде ти се пријателите што не си се видел долго време или симпатиите кои сакавме да си ги видиме ќе ги сретнеш токму тука за Први мај, буквално сите бевме на едно место.
И уште многу би раскажувала за мојот град, но едно е сигурно дека:
„Кавадарци е мојот корен, мојата душа и град кој не би го заменила за ниту еден друг - ме научи како се сака сонцето, како се пие виното со насмевка, како се пее од срце и како се љуби животот“.


