Ивона Јо го покажа рамниот стомак, а за CRNOBELO вели: „Гордо ги носам лузните, внимавам на исхраната“
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
„Најголемиот предизвик по операцијата ми беше одењето исправено. Препорака е првиот месец да се оди наведнато, поради можност од пукање на конците фронтално или позади, зашто кај мене станува збор за интервенција од 360°“, вели за CRNOBELO.com Ивона Јо, која во јануари извади 11kg кожа и вишок масти од стомакот.

Нашата пејачка Ивона Јо, пред 5 месеци направи операција за отстранување на вишокот кожа и масти од телото во Турција, па денес е многу посамоуверена од порано.
Тоа може да се види и по нејзината насмевка која не ја симнува од лицето, но и преку фотографиите на социјалните мрежи, каде се гледа дека има рамен стомак.
Уште поважно, Ивона не се срами да ги покаже лузните кои ѝ останаа по операцијата, но вели дека вечно ќе му биде благодарна на нејзиниот доктор Емрах Аслан, кој ѝ помогнал сето ова да стане реалност.

За тоа како се чувствува 5 месеци по операцијата, која беше на 22.01.2025, и како ги третира лузните, Ивона раскажа за CRNOBELO.com:
„Се чувствувам слободно, лесно, со минус голем товар на мене. Спремна сум за нови животни предизвици.
Кога денес си го гледам рамниот стомак помислувам на патот кој го поминав заедно со моите најблиски.
На мојот животен пат. На секој мој обид. На мојот живот. Лузните никогаш не ми предизвикуваат немир. Таму се со причина. Таму се да раскажат приказна. Една моја приказна.

Погледот на лузната не ме плаши. Доколку цел живот треба да ја носам на мене - гордо би ја носела, ништо не би направила за да ја тргнам. Мене не ми пречи.
Најголемиот предизвик по операцијата ми беше одењето исправено.
Препорака е првиот месец да се оди со наведнато движење, поради можност од пукање на конци фронтално или позади, бидејќи кај мене станува збор за интервенција од 360°.

Два месеца по операцијата секојдневно мачкав и ставав нешто. Сега веќе тоа е минато.
Мачкав кремички и чуда. Но, сега сè ми е ставено на пауза - некако се уморив.
Ставам природен мевлем, произведен специјално за мене, за мојата лузна, за моја намена во Берово, а ми го прати еден мој драг пријател.
Освен регулирана исхрана и тренинг, ништо друго моментално не правам на телото.
Секако, лимфните дренажи се задолжителни после мојата операција.

Одамна заборавив што е тоа dream body. Посебно после рамниот стомак.
Затоа што сега ми е олеснето сѐ, малку ми е неблагодарно да се фокусирам веднаш на рацете од соништата или што било друго.
Фокусирана сум сега и овде на себе. Телото од соништата е само физичка манифестација.

Што се однесува до следниот чекор во целата процедура, морам да кажам дека во моментов сум среќна, задоволна и внимавам на себе.
А здравје, во јануари ќе правиме консултација за тоа што ќе следи понатаму“.
Кликнете и погледнете го видеото:
Прочитајте и Ивона Јо од Турција за CRNOBELO открива детали за операцијата: „’Те молам Боже биди со мене’ помислив пред анестезијата“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело