Фудбалерот Бојан Миовски за татковството: „Присуствував на раѓањето на синот, ја пресеков папочната врвца“
А кој му го избра името?
Името му го одбравме заедно.
Сара го имаше смислено од многу поодамна а јас само се сложив бидејќи е навистина убаво име, шпанско а тој е роден во Шпанија.

Која ти е (досега) најубавата работа поврзана со татковство, а што ти создава стрес?
Најубавата работа како татко ми е кога ќе се разбудам сабајле, без разлика дали сум некогаш нервозен, некогаш среќен, кога ќе го видам Матео до мене и кога ќе ми се насмевне, заборавам на сè.
Се топам во неговата насмевка, тоа е најубавото чувство за мене како татко.
А најголем стрес ми е кога Матео плаче - тоа е нешто што ме стресира и прави нервозен, бидејќи секогаш сакам сè да е погодено околу него.

Погледнете повеќе фотографии:





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело