Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и горди сме“

„На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа, нешто по што ја паметам со секоја проба и секој настап. Не сакам да се изразам со зборот „должен“, но за мене тој збор што си го дадов сам, во нејзин спомен, планирам да го одржам додека можам. За мене играњето ора е љубов“, вели Александар Димов (29) oд Валандово за CRNOBELO.com.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-01.jpg

Александар Димов (29) oд Валандово e вљубеник во орото од далечната 2003-та година и овој ороводец вели дека љубовта кон македонската традиција му ја вткаила неговата покојна баба.

Надица Тошева (20) oд Валандово, пак, со ова се занимава од 2010 година и вели дека тргнала по стапките на мајка си, која исто така е игроорка.

Двајцата велат дека уште од мали години го имале истиот кореограф, г-дин Ѓоко Павлов, кој неуморно и со преголема љубов и мотивација одржувал и сè уште одржува проби со пет, а на повеќе наврати, и повеќе групи.

За љубовта кон ората, македонската традиција и сите турнеи и искуства, Александар и Надица зборуваат за CRNOBELO.com:

Како започна твојата љубов кон народните игри?

Aлександар: Љубовта кон ората и фолклорот за мене започна уште во далечната 2003 година, на неполни 7 години, кога баба ми лично ме однесе на проба и ме зачлени во нашето валандовско друштво, КУД „Гоце Делчев“, во кое сум дел и ден денес.

Од моментот на моето запишување и со секоја година која успешно ја завршувавме бев сигурен дека ова е тоа што сакам да го правам.

Сум пробал и фудбал, и кошарка, и ракомет и уште многу други активности, но секој пат ми фалеше оној X-фактор, она што секогаш сум го гледал и чувствувал во игроорната.

Надица: Мојата љубов кон народните игри започна уште од детството. Имав само 4 години кога првпат стапнав на сцена.

Од тој момент ме привлекуваа ритамот, музиката, енергијата и едноставно знаев и чувствував дека припаѓам таму. Оттогаш народните игри едноставно станаа составен дел од мојот живот.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-06.jpeg

Кој беше твојот прв настап и што најмногу ти остана во сеќавање од него?

Aлександар: Првиот настап ми беше во истата година на запишување, декември 2003, во голема бројка комбинирана од две генерации. Сите бевме облечени во бела кошула и фармерки, а добро паметам дека ни ставија по малку кармин на образите за да ги размениме. 

Сè уште ја паметам преполната киносала во Валандово и возбудата која ја почувствував кога за првпат излегов пред толку луѓе и нивниот громогласен и предолг аплауз на крајот од настапот.

За мене лично, највеќе во сеќавање ми е моментот кога бев на сцена и ги видов насмевките и среќата на лицата на баба ми, дедо ми и мајка ми седнати едни до други.

Надица: Мојот прв настап беше на локален настан, односно концерт во нашето место Валандово.

Искрено, бев многу мала и не се сеќавам на целиот концерт, но добро знам дека бев многу возбудена и имав мала трема која кога ја почувствував енергијата на сцената се претвори во гордост.

Најмногу во сеќавање ми остана долгиот аплауз од публиката, а чувството кое го имав во тој момент е неописливо.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-13.jpeg

Што те мотивира да продолжиш да играш и да водиш оро по толку години?

Aлександар: За мене игроорната е голем дел од мојот живот, љубов што никогаш нема да згасне. Уште од мали години сум го имал истиот кореограф, г-дин Ѓоко Павлов, кој неуморно и со преголема љубов и мотивација одржувал и сè уште одржува проби со пет, а на повеќе наврати, и повеќе групи.

Неговата посветеност спрема ансамблот вроди чувство во мене дека фолклорот е традиција која се пренесува од генерација на генерација и е тука да остане и да се одржува, не само во склоп на нашиот ансамбл или град, но во целост на нашата држава.

Покрај тоа, тука е и зборот што сам си го зареков, тука ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа, нешто по што ја паметам со секоја проба на којашто присуствувам.

Не сакам да се изразам со зборот „должен“, но за мене тој збор што си го дадов сам, во нејзина меморија, сум решен да го испочитувам сè додека сум во можност.

И на крај, но исто така преголем дел во мотивацијата за овој долгогодишен континуитет, доаѓа друштвото и другарствата кој сум ги стекнал во сите овие години.

Почнав со мојата генерација, потоа се вклопив во група каде што бев еден од највозрасните, а сега сум дел од „ветерани“, група каде што сум еден од помладите членови.

Секоја група си имаше своја магија, свои карактеристики и нешто што ги дели од другите групи. Со секоја група сум одржал концерти и сум бил на турнеи низ странство, заедно сме поминале и низ добро и лошо, но и ден денес секој еден член со кој сум ја делел сцената можам да го наречам пријател.

Надица: 15 години играм и можам да кажам дека ниту еден миг не помислив да се откажам од фолклорот. Народната игра за мене никогаш не е само хоби, туку дел од мене.

Ме мотивира љубовта кон традицијата и гордоста што преку игра ја чуваме и негуваме нашата култура.

Морам да кажам и дека пробите кои ги имаме не се само обични проби. Ние не само што вежбаме, туку и се дружиме, разговараме на секакви теми уште од мали, бидејќи не сме само дел од една група, ние сме семејство.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-04.jpeg

Со кои видови ора имаш најмногу искуство?

Aлександар: Во текот на овие години во коишто сум член на оваа друштво, можам да кажам дека имам изведено над 60-70 кореографии. Во таа бројка спаѓаат кореографии од сите региони на Македонија.

Ако лично морам да изберам, моја преференција се дефинитивно брзите и енергични ора со потекло од Источна Македонија.

Како омилени ора од овој дел ми се Малешевско и Источно, од кои и двете ги игравме во претходната година. Музиката и ритамот на овие ора будат некоја страст во мене, којашто прави да дадам сè од себе за да ги изведам истите со брзината, прецизноста и енергијата којашто тие ја заслужуваат.

Исто така, морам да го споменам како машко оро, нашето „Зејтин“ оро, со потекло од Валандово, оро коешто ми е учено уште од 10-11 годишна возраст, а го играм и ден денес.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-17.jpeg

Кој те инспирирал или ти бил пример?

Надица: Најголема инспирација ми беше и сè уште ми е мојот прв учител, кореограф кој со огромна љубов и посветеност ни ја пренесува оваа уметност сите овие години.

Од него сфатив дека орото не е само забава, туку традиција која се пренесува од генерација на генерација.

Голем пример ми е и мајка ми, која исто така играла уште од мала, па сè до ден денес, со некои паузи во изминативе години.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-02.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg