Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и горди сме“

Кое е најпредизвикувачкото оро што си го играл или водел?

Александар: Секое оро си има свои „тешкотии“, јас би ги нарекол карактеристики, што го издвојува од другите ора. Иако ми е најголема желба, сè уште не сум го играл Тешкото, кое е едно од најтешките ора да се изведе физички, и е најлесно да се класифицира како најпредизвикувачко.

Како што наведов претходно, ора кои ми се најголема преференција се брзите ора како Малешевско и Источно. Истите ги имам играно многупати, а моментално и ги водам.

Можам да кажам, дека најголем предизвик во изведувањето на истите за мене лично, не е во чекорите, туку тоа е одговорноста која иде со водењето на орото. Тука веќе нема никаков простор за грешка бидејќи изгледот на кореографијата започнува од првиот и доволен е еден миг на невнимателност за истата да боди како трн во око.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-05.jpeg

Како ја одржуваш физичката кондиција потребна за настапи?

Александар: Освен редовните проби со друштвото, активен сум и во теретана четири до пет пати неделно. Животниот стил ми е доста седентарен со мојата моментална работа, па секоја физичка активност која можам да ја склопам во текот на денот ја гледам како голема позитива.

Исто така ако слободното време ми дозволува, гледам барем неколку пати неделно да трчам или пешачам надвор во природа, кое јас лично многу повеќе го преферирам, наместо кардио во теретана.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-11_copy.jpeg

Дали имаш учествувано на меѓународни фестивали или натпревари?

Aлександар: Да, имам учествувано на повеќе од 15 меѓународни фестивали, почнувајќи се од 2010, на 13-годишна возраст, кога за првпат бев на фестивал во Силифке, Турција.

Чувството беше неописливо, 12 дена надвор од дома без присуство на родители, групата со којашто настапувавме ни беше создадена од повеќе групи заедно а пријателствата што изникнаа на таа турнеа стојат цврсто и ден денес.

Патувањето ни беше со автобус, околу 32 часа во еден правец. Турнејата како турнеjа, ја паметам како физички најпредизвикувачка, имавме минимум по еден, а повеќето од деновите беа и по два настапи дневно во мајските жештини.

На таа турнеjа игравме низ училишта, низ плоштади и низ сцени. Каде и да игравме, поддршката од публиката беше неверојатна, а после секој настап имаше редица луѓе кои сакаа да се сликат со нас.

Покрај неа, имам патувано низ цела Турција, на повеќепати во Бугарија и Србија, ланската година во Кипар и оваа година во Литванија. Турнејата во Литванија од оваа година остави преголем впечаток во мене. 

Настапивме низ повеќе градови, а во секој од нив нè пречека преполна публика со громогласен аплауз по секој завршен настап.

Убавината на Литванија како држава е тоа што остана во мене, зеленила до кај што гледа окото со изглед како од некоја бајка, секоја една уличка и патека чиста и средена без никаков отпад, секој град или село каде што бевме со свои лични знаменитости што мора да се видат.

Надица: Да, досега имав можност да учествувам на повеќе турнеи и фестивали во странство, меѓу кои во Турција, Бугарија, Србија, Кипар и Литванија.

Секој фестивал имаше своја магија и уникатна енергија – од публиката, од атмосферата, па до запознавањето со различни култури и традиции.

На сите тие настапи си поминав незаборавно, стекнав пријателства, искуства и спомени кои ќе останат со мене засекогаш.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-03.jpeg

Како се подготвуваш психички и физички пред да излезеш на чело на оро?

Александар: Пред секоја проба или настап, најпрвото нешто што го правам е кратко загревање и истегнување, а по тоа се осигурувам дека носијата ми е добро наместена и стегната.

Потоа доаѓа психичкиот дел, пред да излезам на сцена, во умот ги повторувам чекорите и орото во целина и пробувам целосно да се релаксирам. Нормално, постои некоја возбуда или мала трема во мене и ден денес, но сето тоа придонесува да сакам да го дадам мојот максимум и изиграм со полна енергија и сигурност.

Зборувајќи околу енергијата и сигурноста, тоа е нешто што ороводецот го пренесува и на сите други, а моја цел е тоа да биде пренесено не само кај игроорците, туку и кон целата публика за орото да биде почувствувано како што и му доликува.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-10_copy.jpeg

Што е најважно за еден добар ороводец – техниката, харизмата или нешто друго?

Александар: Би рекол дека нема „една“ најважна карактеристика во тоа да се биде добар ороводец, тоа е микс од сето горенаведено и повеќе.

Сето тоа почнува од техниката, тоа е основниот дел каде што ороводецот покажува самодоверба, стабилност и прецизност во изведувањето на орото.

Харизмата е друг клучен елемент. Начинот на којшто ороводецот го изведува орото е тоа што игроорците и публиката го гледаат и чувствуваат. За да се биде еден добар ороводец, истиот мора да биде целосно присутен во моментот и да зрачи со енергија која и доликува на орото.

Но, сепак, за мене лично, најголем фактор како ороводец е љубовта спрема фолклорот. За да се биде добар ороводец, мора да сакаш да го правиш истото од душа.

Моментот кога ќе излезеш на сцена со желба да дадеш сè од себе и да ја почувствуваш гордоста и чувството дека во тој момент припаѓаш токму каде што си.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-07.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg