Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и горди сме“

Како одржуваш координација и енергија во групата додека играш?

Александар: Координацијата и енергијата ги одржувам преку целосна посветеност кон изведбата на орото за време на пробите и настапите.

Моментот на фокус и концентрација започнува од првиот такт на орото.

Штом ја чујам музиката, во наредните 10-15 минути мојата цел е истите да ги изведам со најголема концентрација и прецизност и енергија достојна за да се претстави македонската традиција.

Дали имаш некоја „сигнатура“ движење или стил што те издвојува?

Александар: Би рекол дека имам, иако за мене лично тоа е нешто што го правам автоматски и без размислување за истото. Секогаш сум целосно исправен, стабилен, главата крената нагоре и со насмевка на лице.

Исто така во моменти на менување на чекор или нов дел во кореографија, кога сум на чело на орото ја кревам раката или вртам со марамче за тоа да биде воочено од целата група.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-16.jpeg

Што за тебе значат македонските народни игри?

Александар: Македонските народни игри уште од мали години имаат голема улога во мојот живот. Тие не само нешто што е префрлено од генерација на генерација со цел да се претстави и одржува традиција, туку за мене тие беа и сè уште се начин на живот.

За време на овие 22 години кои сум игроорец, тука се научив на дисциплина, одговорност и желба секогаш да го давам својот максимум за нешто што сам лично му давам вредност.

Исто така, вклопувајќи се во друштвото уште од мали години, научив како е да се функционира во група со една заедничка цел, помагање на едни со други за заедно да ја оствариме таа цел и формирањето на безбројни пријателства.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-15.jpeg

Кој е најсмешниот момент што ти се случил за време на настап?

Александар: Тука ги има безброј, почнувајќи од кинење на панталони за време на настап, паѓање на чорап, останување без опинци, грешење на чекор и многу други, кои искрено не е толку воочливо за публиката, но доволно за да има зафрканции во групата по изведувањето на настапот.

Ако лично морам да одберам најсмешен момент, тоа би било во Крџали, Бугарија, кога за време на изведувањето на Калајџиско Оро, во моментот на изведување на чекор во којшто машките се вртевме врз бакарни тепсии, еден од нас успеа да се лизне од неа и истата да му излета надвор од сцена.

За среќа, никој не се повреди, орото го изигравме до крај како ништо да не се случило, а во нас тоа си остана само како една меморија за којашто било кога да се присетам се присмешкувам и визуелно ја гледам како да се случило вчера.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-09.jpeg

Дали некогаш ти се случило да заборавиш чекор или да се збуниш на сцена? Како реагираше?

Александар: Да, тоа мислам дека може да го каже секој игроорец, а и секој жив човек дека се случуваат грешки во секој аспект во животот.

Ми се има случено на повеќе наврати, било дали од умор, губење на концентрација, па дури и бунење на моменталната кореографија со некоја постара. Кога и да се случило, истото го разрешувам без паничење и застанување, било дали со додавање на еден-два чекори за повторно да се вклопам во орото или пак со некоја импровизација со којашто истото би изгледало намерно.

Како се справуваш со замор или технички проблеми за време на настап?

Александар: Како прво, техничките проблеми ни се имаат случено на повеќе наврати, дали тоа било проблеми со носија, сцената или музиката. Најважно во тие моменти е да се остане присебен и фокусиран, и орото да се одигра до крај за истото да биде невоочливо за публиката.

Најголема меморија за време на технички проблем на настап сè уште ми е моментот кога музиката ни згасна, а орото го одигравме до крај без музика, со броење на такти и со помош на публиката кои плескаа со раце до самиот крај во склоп со ритамот на орото.

Кога доаѓа збор за замор, пробувам максимално да бидам одморен и во добра физичка состојба пред настап за максимално да ги изиграм и презентирам ората. Енергијата и адреналинот кои ги чувствувам за време на настап се доволни за да ми дадат доволно сила и мотивација да издржам од почеток до крај.

Тоа го сфатив за време на настап кога бев болен и без никаква сила во мене, а самото излегување на сцена беше доволно да разбуди чувство на втор живот во мене, како да сум се препородил со една цел, да го одиграм настапот така како што и доликува на еден игроорец.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-08.jpeg

Каде се гледаш себеси за 10 години?

Александар: Како што бев претходните 22 години, така се гледам не само во наредните 10, туку и до крајот на мојот живот. Сè уште како игроорец, кој го дава својот максимум за да ја одржи, зачува и пренесе оваа наша традиција.

Целта секогаш ќе ми биде сè додека сум во можност, да излезам на сцена на крајот на секоја година, ако не во странство, барем на сцената на нашето Валандово.

Исто така, моментално сум член во претседателскиот одбор на нашето друштво, па покрај личниот интерес за играње, цел ми е и да придонесам за одржување и унапредување на нашето друштво во склоп на сите административни работи.

aleksandar-i-nadica-se-igroorci-od-valandovo-ja-neguvame-tradicijata-po-amanet-od-baba-i-majka-i-gordi-sme-14.jpeg

Кое оро или кореографија сонуваш да ја изведеш пред голема публика?

Александар: Како што наведов погоре, најголема желба за изведба ми е дефинитивно „Тешкото“ оро. За мене тоа е најкарактерисичното оро кое ја претставува нашата држава.

Целта на тоа да се претстави орото со намената за коешто е напишано, за долгите години робување и заминувањето на печалбарите на печалба и тежината на секој еден чекор кој се одигрува за мене би претставувала една огромна гордост.

А кога веќе станува збор за изведување на оро пред огромна публика, тука не можам да го изоставам ниту нашето Валандовоско, „Зејтин“ оро.

За мене истото е дел уште од мои мали години и претставува приказна која го опишува мојот град и луѓето во него. Претставувањето на орото пред голема публика, би значело и претставување на Валандово и неговата култура пред истата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg