Неда Маленков од Охрид, специјализант по радиологија, е трета докторска генерација во своето семејство
„Верувам дека само ако си исполнет во приватниот живот, можеш да даваш максимум и во професијата“, додава таа.
Во однос на стилот, Неда вели дека едноставноста и елеганцијата се нејзин избор и личен печат.

„За мене стилот е вродена работа, го имаш или го немаш, битно е како ќе ја искомбинираш облеката и како ќе ја понесеш. Вистинската елеганција е во едноставноста, во природниот изглед и во тоа да бидеш верен на својот вкус“.

Со посветеност кон професијата и страст кон животот, Неда ја гради својата иднина чекор по чекор – комбинирајќи медицина, патувања и лична хармонија.

„Животот е предизвик, но верувам дека со љубов и дисциплина, сè е можно“, завршува таа.

Повеќе фотографии од неа:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело