Круме Спасовски ја напушти Германија по 1 година живот таму: „Сопругата извика ‘Фала ти Господе’ кога кажав дека се враќаме“

Договорите многу тешко се раскинуваат и намерно те врзуваат на една или повеќе години, без флексибилност.

Трошоците се огромни - радиодифузна такса што се плаќа на три месеци, трошоци за одржување зграда (Nebenkosten), гас, вода, осигурувања за сè.

Системот е така осмислен што месечно ти одзема голем дел од заработката за тековни давачки и обврски, оставајќи те постојано под притисок.

Медицината, за жал, можам да ја оценам со нула. Зборувам од лично искуство.

Јас сум опериран од срце и знам што значи грижа за пациент, затоа што имам искуство и во Македонија, Србија, Словенија и Грција.

Во Германија, конкретно во клиника во Нирнберг, бев целосно разочаран од односот и непрофесионалноста. Немаше никаква нега, никаква емпатија.

Докторите се однесуваат како роботи, без емоција кон пациентите . Искрено, понекогаш се чувствував како вештачката интелигенција да би понудила подобра услуга.

Носталгија секако дека постоеше, но пресудни беа сите овие секојдневни збунувачки компликации - постојано нови писма по пошта, ладен административен надзор со кој тешко се соработува, и чувството дека никогаш нема да бидеме ценети како Германците во Германија.

Токму тоа сознание беше најголемата пресвртница да се вратиме во нашата земја, таму каде што ќе се чувствуваме свои, прифатени, спокојни и вистински дома.

krume-spasovski-ja-napushti-germanija-po-1-godina-zhivot-tamu-soprugata-izvika-fala-ti-gospode-koga-rekov-deka-se-vrakjame-02.jpg

Колку време живееше во Германија, на колку години се пресели и каде?

Во Германија се преселивме на 15 август 2024 година.

Нашиот живот таму започна во Фирт, каде што ги поминавме првите месеци, а по четири месеци се преселивме во Нирнберг, во стан кој семејно го купивме заедно со моите родители.

Таму живеевме до септември 2025 година, по што донесовме одлука да се вратиме назад во Македонија.

krume-spasovski-ja-napushti-germanija-po-1-godina-zhivot-tamu-soprugata-izvika-fala-ti-gospode-koga-rekov-deka-se-vrakjame-04.jpg

Што работеше таму? Дали заработуваше добро и дали тоа беше доволно за убав, комотен живот?

Првите месеци во Германија не работев, сакав најпрво да се вклопам во средината и да се снајдам во новиот систем.

Потоа, како и секој нов човек што доаѓа без познавање на јазикот, се вработив во Deutsche Post DHL, а по неколку месеци се префрлив во FedEx.

Работата беше исклучително тешка и понижувачка, но јас никогаш не сум се срамел од работа - човек мора да почне од некаде, а ние во Германија започнавме од нула.

Платата беше можеби малку над просечната плата во McDonald’s или Burger King, но реално беше незадоволувачка.

Беше доволна за основен живот, но далеку од комотен и спокоен живот каков што многумина го замислуваат.

Инаку, снимав и видеа, еден вид на влогови за животот таму, преку кои ја покажував мојата реалност за животот во Германија и ги споделував на Јутјуб.

krume-spasovski-ja-napushti-germanija-po-1-godina-zhivot-tamu-soprugata-izvika-fala-ti-gospode-koga-rekov-deka-se-vrakjame-10.jpg

Дали бевте во свој дом или изнајмен? Какви се условите за купување недвижнини?

Како што спомнав, првично живеевме под кирија, а подоцна купивме сопствен стан.

Цените на становите во Германија се високи, но квалитетот на градба е на навистина високо ниво.

Најголемиот дел од луѓето купуваат недвижнини на кредит, а според тоа што сум слушнал, банките нудат добри услови за финансирање.

Јас лично немам искуство со кредити, па затоа зборувам од она што го имам слушнато.

krume-spasovski-ja-napushti-germanija-po-1-godina-zhivot-tamu-soprugata-izvika-fala-ti-gospode-koga-rekov-deka-se-vrakjame-11.jpg

Што ти беше најубаво, а кои беа негативните страни на твојот живот во Германија?

Животот во Германија би го опишал како уреден, точен и систематски, но во исто време тежок и емоционално празен.

Најубаво од сè е тоа што системот функционира - сè има ред, правила и сигурност.

Знаеш кога работиш, кога примаш плата и што те очекува, без многу неизвесност. За некои луѓе тоа е идеален живот.

Но негативните страни за мене беа многу посилни. Животот е сведен на релација работа-дома, без вистински социјален живот и без спонтаност.

Луѓето се затворени, дистанцирани и ретко се создава вистинска блискост.

Сè е однапред испланирано, сè е со термини, а човечката топлина и дружењето што ние ги сметаме за нормални - таму недостигаат.

Постојано чувствував притисок од обврски, сметки, писма, правила и систем кој не простува грешки.

Иако однадвор изгледа како стабилен и уреден живот, однатре често се чувствуваш осамен, како дел од машина, а не како човек.

Токму таа комбинација, ред без душа, беше нешто со што јас лично не можев долгорочно да се помирам.

krume-spasovski-ja-napushti-germanija-po-1-godina-zhivot-tamu-soprugata-izvika-fala-ti-gospode-koga-rekov-deka-se-vrakjame-08.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јоце Панов и Марина: „Ја забележав на мој настап, ме освои со скромноста и нен... „Долги години сме заедно, малтене од деца. Марина ме познава многу добро и точно...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Наталија Данаилова за родниот град: „Во Богданци зад куќата имам рид, се будам со песната на птиците... „Прва асоцијација кога се говори за моето родно Богданци е природата т.е ридот, ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...

Најчитани неделава