Стефани Христов: „Имам тетоважи од секој член на најблиската фамилија - ги истетовирав и ликовите на моите родители“
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
„Првата тетоважа ја ставив на 17 години, а сега имам 37. Бидејќи бев малолетна мајка ми дојде да потпише согласност. Но, оттогаш веќе две децении јас не престанав со тетоважите, а мајка ми на секоја нова тетоважа 'се откажува од мене', еве веќе 17 пати“, вели Стефани Христов (37) од Скопје.

Модната инфлуенсерка Стефани Христов (37) на себе има 17 тетоважи, од која по една посветила на секој од членовите во нејзиното најблиско семејство.
Има тетоважа за сопругот Горазд, синот Џулиан, но и за нејзините родители, кои ги истетовирала според фотка од младоста.
Сите тие за неа имаат огромна емотивна вредност.
Две свои тетоважи им има посветено и на своите миленици.
Таа за CRNOBELO.com за своите тетоважи вели:
„Првата тетоважа ја ставив на 17 години, а сега имам 37. Бидејќи бев малолетна мајка ми дојде да потпише согласност.
Таа отсекогаш сакала една тетоважа, но сметаше дека штом не ставила на времето веќе не ѝ личи.

Тогаш ѝ ветив дека ќе биде само една тетоважа на моето тело, но тату артистот што ми ја правеше ми рече дека ќе се видиме повторно наредната година, кога ќе бидам полнолетна.

Така и беше, а мајка ми на секоја нова тетоважа „се откажува од мене“, веќе 17 пати.
За дел од тетоважите ѝ немав кажано кога ги правев, а за оние поврзани со членовите од фамилијата нема толку простор за бунење.

Најпрв портрет беше наместо бурми со сопругот, истетовиравме микс од нашите ликови, нормално во уметнички стил, со печат на артистот што ја изработи.

Таа всушност и му беше прва тетоважа на мојот сопруг Горазд.
Неколку години подоцна се појави тренд да се прават линиски тетоважи од стари фотографии, па јас се одлучив да ги истетовирам ликовите на моите родители кога биле млади.
