Стефани Христов: „Имам тетоважи од секој член на најблиската фамилија - ги истетовирав и ликовите на моите родители“
Нормално изборот на фотографии од нивно време на аналогната ера е далеку помал од она што го имаме ние денес на располагање.

Конкретно се одлучив за оваа фотографија, бидејќи ме потсетува на сцена од некој стар филм, татко ми со долга коса, должина што лично никогаш не сум ја достигнала јас во животот, а мајка ми со нејзината природно кадрава коса, баш како што ѝ била во појавувањето на еден видеоспот, во тоа време.
Погледнете го видеоспотот:
Татко ми, со својот брат, држеле еден од првите локали, добро познат на нивните генерации „Магма“, а со мајка ми заедно се од тинејџери.
Пред неколку месеци ја имам ставено последната и веројатно најомилена тетоважа, адаптација на познатото дело на Густав Климт: „Бакнеж“, во кој е претставен портрет на мајка и дете, односно ликот на мојот син Џулиан.


Тетоважата е правена по фотографија од кога тој имаше 4 месеци, а сега веќе има една година.


