Љубовната приказна на Давид Темелков и Елена: „Се запознавме во 2015 во Пула, двајцата веднаш почувствувавме нешто посебно“
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
„Свадбата ја правевме во Скопје и се потрудивме да ги испочитуваме и македонските и хрватските обичаи. Никогаш нема да го заборавам моментот кога Елена влезе вo црква, нејзиниот лик пред олтарот“, вели пејачот Давид Темелков за љубовта со сопругата, која е хрватска новинарка.

Пејачот Давид Темелков (33) и неговата сопруга, хрватската водителка Елена Темелкова (28), се венчаа во јуни 2023 година и наскоро ќе прослават три години во брак.
Парот ужива во слога, во хармоничен брак и многу љубов.
А Давид, иако не зборува многу за нивната приватност, за Елена секогаш има комплименти, зборува во суперлатив и не крие колку се вљубени еден во друг.
Тој дури и напиша песна за неа, „Bozja volja“, посветена на сопругата, а во видеото вклучи неколку снимки од свадбата.

Денес живеат во Загреб, а во Хрватска, пред 11 години почна и нивната љубовна приказна, која Темелков ја раскажа за CRNOBELO.com:
Кога и каде се запознавте со Елена?
Сè започна во 2015 година, неочекувано и случајно, по завршувањето на еден голем концерт во Пулската Арена каде што бев гостин.

Кој го направи првиот чекор? Раскажи ми подетално за првите излегувања, разговори...
Чекорот беше двостран. Мислам дека и двајцата почувствувавме дека се случува нешто поинакво од претходно.
Првите излегувања беа едноставни, долги прошетки и разговори, со празни џебови, но полни со искрени погледи.

Со што те освои таа? Што ја прави посебна?
Насмевката и погледот се нешта кои не можат да излажат.
Доколку можам да објаснам што ја прави посебна, тогаш не е посебна. Јас не можам.
Дали уште веднаш знаеше декае вистинската за тебе?
Верувам дека сродните души веднаш се препознаваат, од првиот поглед.

Како изгледаа првите средби со семејствата?
Тоа се моменти кои се помнат засекогаш.
Денешната технологија, телефоните и апликациите припомогнаа да нашите семејства имаат можност да се слушнат пред да се сретнат во живо бидејќи има 1.200 километри имеѓу нив.
Првата средба беше таква како да тие се познаваат со години, дружба исполнета со меѓусебна почит, почит која трае до ден денес!

Како ја запроси? Ѝ подготви ли некакво изненадување?
Запросувањето се случи на сцена, на еден од моите концерти.
Сцената е место каде што ние сме најискрени, емотивно оголени и нема што да криеме. Затоа и ја одбрав како место за „најтешкото“ прашање.
