Љубовната приказна на Давид Темелков и Елена: „Се запознавме во 2015 во Пула, двајцата веднаш почувствувавме нешто посебно“
Раскажи ми некој интересен момент од свадбата... Зошто се решивте да е во Скопје?
На свадбата имавме скоро стотина гости од Хрватска.
Многумина од нив изразија голема желба да научат наши обичаи, наши ора и песни!
Гледајќи ги нашите семејства и пријатели, како играат Пајдушко оро заедно, како пеат македонски и хрватски песни, беше непроценливо!

Имавте ли некои посебни обичаи?
Се потрудивме да ги испочитуваме и македонските, но и хрватските обичаи.
На што се сеќаваш најмногу од тој ден?
На моментот кога таа влезе во црква, на нејзиниот лик пред олтарот.

Кој е поромантичен - ти или таа? Која е најубавата романтична работа што си ја направил за неа?
Романтиката е нешто што обострано го практикуваме.
А која е најубавата романтична работа што сум ја направил за неа е прашање на кое таа би требало да одговори.
Колку сте слични карактерно? Кој ѝ е најголем квалитет, а која ѝ е најголема мана, да речеме...?
Доволно слични и доволно различни да можеме да се надополнуваме и растеме заедно.
Чесноста и лојалноста, истрајноста во добро и зло се едни од нејзините најголеми квалитети.
Ниедна мана не е вредна да се спомене.

Кој е поизбувлив, а кој прв попушта при расправија?
Како што реков и претходно, доволно слични и доволно различни да се надополнуваме и растеме заедно.
Се трудиме да бидеме зрели и мудри во моментите кога е потребно.

Што, според тебе, е важно за успешен брак?
Љубовта и почитта, верата, лојалноста и истрајноста.
Секој однос е ставен на тест во текот на животот, пријателски, деловен па и брачниот.
Без едно од овие пет, не верувам дека еден однос би успеал.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело