Љубовната приказна на Нина Ангеловска и д-р Виктор Станков: „Утрото, на денот на свадбата, трчавме по кеј до Палас - за да ја проверам салата“
После десетици организирани настани, конференции за е-трговија, родендени и проекти во Групер, организацијата на нашата свадба ми беше наједноставната и најдрагата од сите. Тие месеци помеѓу работните фајлови имав и еден друг постојано отворен нареден со задачи и рокови наречен Project:Wedding.


Утрото, на денот на свадбата, трчавме покрај Вардар до Александар Палас – за да ја проверам салата.
Сè мораше да биде како што сум замислила. Ништо не оставав на случајност.

Искуството ме научи дека ако сакам нешто да биде како што го замислувам, мора сама да го исконтролирам. А контрол-фрикот во мене не сакаше ништо да остане непроверено.

Покрај толку дадени говори и обраќања, нашата свадба не помина без мој говор: „Сè почна со еден краток Инстаграм чет, продолжи со мали чекори и прогресираше брзо.
Не верував дека може да биде едноставно, а уште помалку со двајца како нас, за кои нашите родители би рекле дека сме прилично комплицирани.
Но, во пракса може да биде многу едноставно. Се надополнуваме во несовршеностите, се поддржуваме и ја вадиме подобрата верзија еден од друг. Се надеваме дека тоа ќе нè држи цел живот..."

Во мојата прва книга „Ништо случајно”, зборувам и за приватниот дел од животот, повеќе и за нашата приказна, за развивањето бизнис од нула до носење одлуки на највисоко ниво во државата, за лидерството, но и за мајчинството и живтот помеѓу“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело