Мени од Елена Петреска: За појадок смути, а за ручек мојот омилен лосос во сос од портокал

Мајка, сопруга, кариеристка... Елена Петреска едноставно знае како да жонглира со обврските во животот.

meni-od-elena-petreska-za-pojadok-smuti-a-za-ruchek-mojot-omilen-loso-vo-sok-do-portokal-01.jpg

Елена Петреска периодов работи со полна пареа на музичко поле. Пејачката неодамна промовираше две нови песни. Композицијата „Нешто“ ја отпеа на фестивалот Макфест, кој се одржа во месец октомври, а пак за композицијата „Верувам“ сними одличен спот.

Наредната седмица ќе има снимање на нова песна, дует со нејзиниот драг колега од „Македонската опера и балет“, Дарко Јовановски за неговиот деби албум.

Но, и покрај работните обврски таа никогаш не го запоставува своето семејство. Со сопругот Андреј се горди родители на 3-годишниот Михаел и 1-годишната Софиа.

Елена знае да каже дека е одличен готвач и нејзиното семејство го обожава тоа. Таа додава дека тајната состојка во нејзиното готвење секогаш е љубовта.

Токму затоа со неа проговоривме на тема како се одвиваат работите во кујната во нејзиниот дом и кои се нејзините омилени рецепти:

Со каков оброк ти и твоето семејство го започнувате утрото?

Утрото, речиси секој ден, ни започнува со смути. Најчесто тоа е од банана, јаболко, круша, аронија, замрзнати шумски овошја, бадеми, лешници, понекогаш додавам и бисквити.

Подоцна на децата им правам палента со путер и кисело млеко, чоколино, гриз, намаз од јајце и урда итн.

meni-od-elena-petreska-za-pojadok-smuti-a-za-ruchek-mojot-omilen-loso-vo-sok-do-portokal-03.jpg

meni-od-elena-petreska-za-pojadok-smuti-a-za-ruchek-mojot-omilen-loso-vo-sok-do-portokal-04.jpg

Како се снаоѓаш во кујната, дали ти си главната на овој „терен“ во домот?

Одлично се снаоѓам, особено сега кога можеме секој рецепт да го изгугламе. Плус, ги следам Фејсбук страните за храна за деца и здрава исхрана, па многу често добивам идеи оттаму.

Има прекрасни мајки, кои речиси секој ден постираат оброци и рецепти, па многу сум им благодарам за инспирацијата.

Иако јас сум главна во кујната, и мојот сопруг Андреј знае да изненади и тоа со одлични специјалитети.

meni-od-elena-petreska-za-pojadok-smuti-a-za-ruchek-mojot-omilen-loso-vo-sok-do-portokal-05.jpg

Твоите 3 омилени рецепти се:

Лосос во сос од портокал

На прво место ми е лосос во сос од портокал. Го оставам парчето лосос да отстои во цеден портокал со хималјска сол, зачин мајчина душица и црн бибер.

Потоа го пржам на маслиново масло и пред крај го додавам сосот од портокал, во кој стоел лососот пред да го пржам. Со ова јадење задолжително ја правам мојата омилена салата со рукола, која ќе ја посочам како мој втор омилен рецепт. Дефинитивно, не постои некој што ја пробал, а не прокоментирал дека е една од најубавите салати.

Салата од рукола

Сечкам рукола и марула. Ги мешам и им додавам домати, суви сливи, брусница, суво грозје и ореви. Одозгора ставам балсамико, маслиново масло и агаве сируп или мед.

Исто така, сè зависи со што ја комбинираме, па доколку не ја јадеме со риба, ставам и разни сирења, горгонзола, моцарела, кашкавал. Салатата има совршен вкус.

Паста со брокула

Третиот рецепт е паста со брокула, лукче, маслиново масло и хопла.

Ги варам макароните со малку маслиново масло за да не се залепат. Во тава го ставам лукчето да се испржи малку, па ја додавам брокулата и во покриен сад на тивок оган, оставам да се издинста, да подомекне. Потоа ја додавам хоплата со бибер и сол и мешам  околу 15 минути.

Кога ќе биде готово, ги ставам макароните во него и ги сервирам. Вкусот е фактастичен.

meni-od-elena-petreska-za-pojadok-smuti-a-za-ruchek-mojot-omilen-loso-vo-sok-do-portokal-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
„Сум сменил пелена 2-3 пати, Лука е убав на сопругата, а таа ќе го воспита во чесно момче“ – Јоце Па... „Синот Лука повеќе личи на мајка и супер што е така, бидејќи Марина е поубава. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg