Со своите раце создава магија - Интервју со младата шминкерка Елена Неделковиќ

Вистинската убавина доаѓа однатре, факт со кој речиси секој би се согласил, но во оваа модернизирана ера која навидум ја пречекорува сегашноста, опсесијата за тековните трендови непрекинато расте.

So-svoite-race-sozdava-magija-Intervju-so-mladata-makeup-artistka-Elena-Nedelkovikj 01 630x340.jpg

Шминката е слабост на речиси секоја жена. Повеќе или помалку нагласена, во посветли или потемни нијанси, поприродна или екстравагантна, за најразлична пригода.

Дури 72% од жените се изјасниле дека шминката прави да се чувствуваат самоуверено.

Па, како што кажавме, во овие модерни времиња, особено на социјалните мрежи секојдневно се среќаваме со луѓе кои навистина преку шминката умеат да направат магија.

Една од нив е младата кавадарчанка Елена Неделковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Elena Andonov (@elenanedelkovik)

Елена е студент на Економскиот факултет во Скопје.

Со шминка активно се занимава две и пол години и на свои 23 години веќе зад себе има YouTube канал каде што споделува разни мејкап туторијали, одговара на прашања и дели совети во врска со шминката.

Освен класичната шминка, таа својата професионалност ја докажува преку шминката со специјални ефекти (sfx makeup).

Во продолжение ги издвојуваме најактуелните прашања во врска со шминката, која таа секојдневно ги добива:

Како и кога започна твојата опсесија со шминка?

Уште во прва-втора година средно ги крадев шминките на мајка ми и сакав да експериментирам.

Еден ден, случајно, барајќи некој туторијал на YouTube за виткање на косата, налетав на каналот на Desi Perkins и мислам дека ги изгледав сите нејзини видеа во еден здив.

Од тој ден можам слободно да кажам дека започна таа опсесија со шминка и со можностите за креативно изразување кои ги нуди оваа професија.

Дали и колку ги следиш моменталните трендови при работа?

Според мене, важно е секој шминкер да ги следи моменталните трендови, но не слепо!

Тоа што го прави добар еден мејкап артист е неговата способност да креира изглед за клиентот кој ќе биде трендовски, а во него да вметне свој белег по кој е препознатлив и воедно да се вклопи со вкусот на клиентот.

Дали клиентот треба да дојде на термин со фотографија и конкретна идеја?

Не! Доколку на некој му се допаднало нешто што видел на интернет, може слободно да ја покаже сликата, но сепак треба да се внимава да не се бара од шминкерот нешто што е сосем спротивно од неговиот стил на работа.

На шминка може слободно да дојдете и без никаква идеја, па заеднички ќе смислиме на каков изглед ќе работиме. Тогаш излегуваат најдобрите шминки!

Дали користењето на луксузни брендови е клучно за добра и истрајна шминка?

Апсолутно не! Од секој бренд постојат и добри и лоши производи, такашто за истрајна шминка потребно е истражување и внимателно одбирање на производи независно дали се работи за луксузни или помалку луксузни брендови.

Уште поважен е начинот и техниката на нанесување на продуктите, затоа често добивам прашања од типот „Зошто кога сама дома ќе нанесам пудра не ми трае по цел ден, а ја користам истата како тебе?“.

Доколку и некој друг има вакви прашања, одговорот може да го најде на мојот YouTube канал каде споделувам некои совети и трикови како да се постигне добра и долготрајна шминка.

Што е поинтересно за работа, шминка за посебни пригоди или sfx шминките кои ги изработуваш?

Тешко ми е да ставам на вага кое е поинтерено за мене бидејќи уживам кога креирам, без разлика за каква шминка станува збор.

Изработувањето на маски и шминки со специјални ефекти бара поголем креативен напор и повеќе подготовка.

За некои маски неколку денови претходно рачно сум изработувала детали кои потоа ги вметнувам.

Така што, целиот тој процес како и крајниот резултат морам да признаам дека се можеби малку поинтересни за работа.

Кој мејкап артист од Македонија би дозволила да те нашминка?

Толку многу добри шминкери има во Македонија, што секогаш ми е тешко да одговорам на вакво прашање. Но, еве да одберам неколку затоа што не можам само еден.

Ако сакам да постигнам понежен и елегантен изглед би им се препуштила на рацете на Зоран Шурбевски или Миа Арабаџиева.

Доколку сум расположена за некој bold, впечатлив изглед, тогаш Сашка Мирчевска или Марија Лазов.

Морам да ја спомнам и Андријана Станковска (@beautyanica), која може да те трансформира во било што за некој 1-ви април.

Кои совети би им ги дала на девојките кои сакаат да се шминкаат?

- За секојдневна шминка „less is more“, нема потреба од нагласени контури и темно исцртани веѓи за во училиште или за на работа.

- За вечерна шминка, секогаш експериментирајте и не плашете се да излезете од вашата комфор зона. Сепак, тоа е само шминка која на крајот од денот ќе ја тргнете од лицето.

- И за крај: Никогаш не ја отстранувајте шминката со влажни марамици, тие се најголемиот непријател на вашето лице.

Најдете рутина за нега на лицето која одговара на вашиот тип на кожа и останете ѝ верни до крај.

Само на тој начин ќе можете да носите шминка секој ден и да го задржите природниот сјај на вашето лице.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg