Александра Ристовска: „Фудбалерките немаат криви нозе, а најтешкиот натпревар го имав во Шкотска“

Колку професијата ти донела патувања досега? Во која држава си се соочила со најталентираните жени фудбалери?

Можам да кажам дека оваа професија ми пружи доста патувања и убави искуства. Искрено најтежок натпревар ми бил оној во Шкотска на минусни температури против фудбалери кои се навикнати на такви временски услови.

Најголем успех досега? На која титула си најгорда?

Би издвоила повеќе титули и убави моменти. Со оглед на тоа што играм екипен спорт најгорда титула ми е Куп титулата во сезона 2017/18 со победа над шампионот со резултат 5:0. На индивидуален план би ја издвоила титулата најдобра фудбалерка во истата таа сезона.

Покрај тие две горда сум што станав првиот играч во лигата со 100 натпревари во ист клуб, како и на титулите на нашите млади категории кои се први без конкуренција.

Вреди да се напомене и победата на сениорската репрезентација против Казахстан со резултат 4:1 која беше победа после подолг период.

Од тренерски аспект прогласена сум за најдобарт тренер за млади во екипен спорт на ниво на град Струмица две години по ред. Овие награди ми се мотивација да продолжам да го работам тоа што ме прави среќна.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-03.jpg

Дали имаш некој посебен режим на исхрана, кој ти помага да бидеш поенергична на натпреварите?

Искрено немам некој строг режим на исхрана, но избегнувам да јадам нездрава храна и пијалаци. Внимаваме посебно на исхраната пред натпреварите бидејќи играме на отворено и често се соочуваме со високи и ниски температури и временски влијанија кои би имале последици на играта на играчите.

Пред натпреварите дали имаш карантин и што значи тоа?

Да, пред секој натпревар независно од противникот внимавам на однесувањето и го почитувам времето на легнување. Тоа ми помага да го подготвам телото за утрешниот напор.

Најдобрата страна на фудбалот е...

Пред сѐ здравјето односно имунитетот кој го стекнуваме додека сме изложени на различни температури за време на тренинизите и натпреварите. Исто така пријателствата кои се градат во клубовите знаат да бидат посилни од вообичаените дружби.

Фудбалерите знаат да играат тимски, да вложуваат во заедничка цел и да прифаќаат и разбираат различни карактери што е важна карактеристика за подоцнежниот живот. Дисциплината која се учи на тренинзите помага да се изградиме во одговорни личности.

Покрај сѐ фудбалерите се и ментално спремни за целиот живот. Соочувањето со повреди, порази, и нефер однесувања нѐ учат да знаеме да се носиме со потешкотиите во животот.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-10.jpg

Најлошата страна на фудбалот е …

Обложувалниците, дефинитивно го уништуваат уживањето во фудбалот и спортот воедно.

Мислам дека спортското обложување влегува во спортот и повеќе од што е потребно. Искрено не го почитувам и сум против местење на натпревари.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-04.jpg

Омилен светски фудбалер/ка …

Со оглед на успехот на светските, а наши фудбалски ѕвезди би ги издвоила Горан Пандев, Наташа Анднова и Гентијана Рочи.

Каде се гледаш за 10 години од сега? Што очекуваш на поле кариера?

За 10 години се гледам како дел од Тиверија која би била професионален клуб барем на ниво на шампионите од соседните држави. Исто така верувам дека женската сениорска репрезентација ќе биде дел од Европско натпреварување.

Уште фотки од Александра Ристовска:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дизајнерката Коцарева ни открива детали за венчаниците на Александра Шијакоска: „Таа сакаше цвет и р... „Александра ме праша дали е подобро да има ракавици или само еден ракав од стран...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Александра Добреска живее 15 години на Миконос: „Сопругот е Грк кој го запознав овде, пливаме преку ... „На Миконос првпат отидов во 2008-ма на мои 19 години. Истата година се запознав...
Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплина... „Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најг...
Маја од Скопје е мајка на предвреме родено бебе: „По 57 дена ја земавме Петра и дознавме дека итно м... „Породувањето се одвиваше одлично. Петра со тивок плачлив глас, ми ја доближија ...
Александра Михајловска, актерка: „Ако не веруваш во бајката што ја создаваш на сцена, нема да верува... „Секоја детска претстава носи приказна којашто треба да едуцира, но и да ја разб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg