Струмичанецот Марјан Христов (33) е колекционер на предмети од Југославија: „Имам над 1.000.000 парчиња“
Марјан Христов (33) од с.Смолари, Струмичко е еден од најголемите колекционери во земјава. Темата на неговата колекција е „Југославија“.
Иако роден во 1987-ма година и реално не го помни времето кога сме биле дел од Југославија, секогаш го привлекувале раскажувањата од повозрасните и како изгледал животот во СФРЈ. Вели дека уште од мал почнал да собира, како што би рекле другите „ѓубриња“.
Најстари работи кои ги поседува се од времето на Втората светска војна – книшки, значки, медали и книги.
Поседува и предмети кои се веројатно едни од најстарите во неговата колекција и е дозволено да ги чува - пафти, етно накит и по некој дел од носија, како и дрвени и метални предмети.
Ориентационо, доколку ги земеме предвид значките, поштенските марки, документите, визит картите, сликите и слични поситни предмети, неговата колекција има над 1.000.000 парчиња.
Тој собира и телефони, грамофони и плочи, банкноти, пенкала, запалки, приврзоци, часовници, книги – буквално секакви предмети од времето на Југославија.
Сите предмети ги чува во својот дом, моментално во три простории. Најчесто наоѓа нови парчиња во размена со колекционери од земјава, преку познаници и социјалните мрежи.
Марјан вели дека вредноста на колекцијата не би можел да ја изрази во пари.
„Имам помали колекции на вина, ракии, пивски предмети, чаши, пенкала запалки разгледници визиткарти, преку 6000 книги.. весници, автомобилчиња, грамофонски плочи, црковни календерчиња од 1960 до 2021 (ми недостасуваат само два), подметачи и други ситници“ - вели Марјан.
Погледнете дел од неговата колекција низ фотки:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Марјан Христов
Би можело да ве интересира:


