Благојче Јовановски (18) од Скопје е колекционер на фотоапарати: „Имам над 50 модели, а најстариот е од 1955 година“

Благојче Јовановски (18) од Скопје е млад колекционер на фотоапарати. Негова љубов е фотографијата и старите апарати, а целата приказна започнува кога неговата баба му го подарила нејзиниот апарат од детството.

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-01 (1).jpg

Во својата колекција има над 50 примероци. Најстариот апарат кој го поседува е од 1955 година - Lubitel 2, но се надева дека во скоро време ќе успее да ја збогати со уште поретро модели.

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-04.jpgLubitel 2

На прашањето кој модел му е особено драг, Благојче вели: „Сите ми се фаворити, сите подеднакво ми значат. Во моментов само мал дел од колекцијата е функционална. Како посебен, би го издвоил апаратот Gracia, кој е произведуван само една година во Јапонија – од 1970 до 1971.

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-02.jpgGracia

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-07.jpg

Колекцијата ја збогатува преку пронаоѓање стари модели онлајн: „Ги чистам и пребришувам секој трет ден. Навистина сум поврзан со мојата колекција и би сакал да ја збогатувам во иднина.“

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-06.jpg

Во моментов, неговите професионални фотки ги прави со Nikon d3500.

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-06 (1).jpg

blagojce-jovanovski-18-od-skopje-e-kolekcioner-na-fotoaparati-imam-nad-50-modeli-a-najstariot-e-od-1955-godina-10.jpg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Благојче Јовановски

Би можело да ве интересира:

Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мај... Сестрите близначки, Татјана и Тамара Маневи, вљубенички во модата и дизајнот, на...
Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во... „Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил ...
Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300k... „Италија на две тркала вреди да се доживее. Прекрасна земја особено доколку ја д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg