Никола и Дарио чуваат околу 200 тарантули: „Тарантулите се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат“

Како правилно и најбезбедно треба да се држат тарантулите?

Тарантулите претставуваат миленичиња кои не се галат и не се приврзуваат за сопственикот. Тоа се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат. Самите тарантули не сакаат да бидат држени и немаат никакви бенефити од човечка интеракција. Всушност, тоа за нив би било едно стресно искуство.

Дополнително, доколку ние не сме доволно искусни и лесно паничиме на помислата дека голем пајак би ни шетал по рака – не е мала веројатноста дека или на пајакот, или нас самите себе си ќе си нанесеме штета. Од тие причини не се препорачува да се држат.

Доколку некој, покрај тоа што не се препорачува да се држат, се одлучи да ги држи битно е да знае како да го изведе тоа и да превеземе целосна одговорност во случај на непосакувани последици. Тарантулата мора да биде смирена и во добро расположение. Нежно со мек предмет ја насочуваме тарантулата да ни се качи на дланката и ја оставаме да се движи од една дланка, на друга дланка.

Сето ова се изведува во непосредна близина на под или маса со оглед на тоа што доколку тарантулата падне од повисока височина може да се здобие со фатални повреди. Нивното држење мора да биде многу внимателно, со смирени и претпазливи движења на рацете, без никакво присилување на тарантулата.

Сте имале ли некои непријатни ситуации со нив и дали ви избегала некоја тарантула некогаш?

Како непријатна ситуација во досегашното чување би навеле само бегство од терариум. Имаме терариуми кои сами ги имаме изработено. При изработувањето имавме пропуштено да затвориме неколку дупчиња на терариумот и на тој начин пајакот нашол како да излезе.

По две недели криење низ дневната соба се имаше појавено кај вратата од терасата. Со пластична чашка го имавме покриено, а потоа со пластична цевка го насочивме да влезе во чашката за да можеме да го префрлиме во веќе поправениот терариум.

Инаку во глобала тие се доста срамежливи, па при отворањето на терариумот знаат веднаш да се скријат во дувлата.

BeFunky collage 12

На што имате налетано во Македонија?

При теренски истражувања често среќаваме несекојдневни суштества. Македонија има поволна клима и услови за постоење на  интересни животни како што се голем број видови на пајаци, бумбари, богомолки, скорпии, стоногалки, змии, гуштери и многу други.

Од пајаци најмногу ги среќаваме семејствата Lycosidae, Thomisidae, Pisauridae, Araneidae, Pholcidae, Gnaphosidae, Dysderidae и многу други. Од скорпии често среќаваме Euscorpius и Aegaeobuthus, од стоногалки Scolopendra и Lithobiidae, од богомолки Mantis, Hierodula, Empusa итн...

Кои совети би им ги дале на оние што сакаат да чуваат тарантули? 

Доколку сте вистински љубители на необичните животни ве охрабруваме и ви ги препорачуваме тарантулите како идни ваши миленичиња. Би сакале да посочиме дека пред купување на тарантула потребно е да направите истражување околу нејзините услови на чување, какво уредување треба да има терариумот, поточно какви карактеристики носи видот кој сакате да го чувате.

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

BeFunky collage 23

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стела од Скопје чува кралски питон: „Зои ја имам 1 година, еднаш ми избега од терариумот и кренав па... „Мајка ми беше против змијата на почетокот. Таа имаше страв од змии и секогаш ми...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Марија од Скопје свири труба: „Сум доживеала многу предрасуди, мислеа дека ќе се откажам“ „Се надевам дека во Македонија ќе бидам инспирација за повеќе девојки да свират ...
Маја од Неготино е холистички терапевт: „Терапиите ги смируваат дечињата кои имаат трауми, а помагаа... „По сесиите, многу родители забележуваат намалување на тантрумите и агресивното ...
Боби Трајковски - маж со деловен моден стил, на кој џебните марамчиња му се заштитен знак (фото) „Негувам голема љубов кон костумите, но мојот заштитен знак отсекогаш бил џебнот...
Сара од Струга прави украси од филигран и волна: „Занаетот го научив од дедо ми, во неговиот дуќан г... „Волната најчесто сама ја обработувам, а процесот е прилично тежок. По шишање на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg