Странци од разни земји ни откриваат какви пријатели се Македонците: „Драматични, но даваат срце за блиските“


Странци од разни земји ни откриваат какви пријатели се Македонците: „Драматични, но даваат срце за блиските“

Индијка, Јапонка, Бугар, Аргентинка и уште неколку соговорници од различни земји низ светот за CRNOBELO.com откриваат какви пријатели се Македонците, каде ги запознале и какви заеднички доживувања имале со нив.

Japonka-argentinka-indijka-ni-odgovaraat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dobri-lojalni-druvstveni-no-i-tvrdoglavi-i-dramaticni-01.jpg

За Македонците како партнери прашавме неколку дами од различни краеви на светот кои ни кажаа дека тие се лојални, вредни, не премногу романтични, но посветени на семејството.

За нашите сонароднички пак, мажи од Полска, Бразил и Јужна Африка ни рекоа дека тие се искрени, гласни и чувствителни, грижливи и помалку тврдоглави.

Но, какви се Македонците во улога на пријатели? Дали се верни и лојални, или од оние кои се тука само кога имаат корист, дали се забавни или пак досадни, авантуристи или оние само сакат добар филм и голема ќеса пуканки?

За да дознаеме какви се Македонците како пријатели разговараме со повеќе странци, кои на својот список на пријатели имаат и наши сонародници.

За CRNOBELO.com, неколку соговорници од различни земји низ светот, на тема Македонците како пријатели откриваат...

Индијката Румпа: „Најдобрата личност која ја имам запознаено“

„Александра е една и единствена. Таа е најфината и најпријателската личност што ја имам запознаено во мојот живот. Јас сум интроверт, па бев пријатно изненадена кога дојде и ми се претстави.

Од тогаш сме колешки, пријателки, а подоцна станавме и цимерки“ – вели 31-годишната Румпа, додавајќи дека таа и е една од најдобрите пријатели и ја сака поради нејзината љубезна и друштвена природа.

Младата Индијка раскажува дека го има посетено Скопје и за семејството на Александра вели дека се многу добри, љубезни и навистина се чувствувала добредојдена во нивниот дом.

Japonka-argentinka-indijka-ni-odgovaraat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dobri-lojalni-druvstveni-no-i-tvrdoglavi-i-dramaticni-02.jpg

„Генерално, нашите култури, македонската и индиската, се многу слични во однос на пријателите и семејството, па затоа ми беше лесно да се зближам со нив“ – вели таа која за CRNOBELO.com и открива дека ги обожава македонските сирења, пити и баници со секаков фил, но најмногу со месо и зачинетите потпечени компири.

Исто така го посетила и Охрид и вели дека уживала во целиот престој таму.

За тоа дали има некоја необична случка со нејзината македонска другарка, вели дека се многу, но најлуда е онаа кога го убедиле сопственикот на станот кој сакале да го изнајмат дека се пар.

„Навистина е тешко да се најде и изнајми добар стан во Минхен, па по неколку месечна потрага, кога го најдовме совршениот стан за нас, Александра го убеди дека сме пар и дека планираме да останеме долго време како негови кираџии и дека нема да се разделиме“ – вели таа шегувајќи се дека станот го добиле само поради тоа.

Јапонката Кимико: „Македонците се фини и топли“

Јапонката Кимико Куга која во моментов живее во Њујорк, својата македонска пријателка ја запознала на студии во Оксфорд пред седум години и за неа вели дека е добра и искрена, лојална и често тврдоглава.

Japonka-argentinka-indijka-ni-odgovaraat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dobri-lojalni-druvstveni-no-i-tvrdoglavi-i-dramaticni-03.jpg

„Сите Македонци кои јас ги запознав преку мојата другарка од Скопје се многу фини и топли, но и со многу силен карактер. Тоа се рефлектира на нивната силна страна и горделивост што навистина ми се допаѓа и ме привлекува“ – вели 38-годишната Јапонка која го посетила Скопје пред три години за време на божиќните празници.

„Благодарение на мојата пријателка се запознав со сите традиционални божиќни обичаи, превкусната храна и прекрасните пејзажи околу градот“ – вели таа која открива дека најмногу и се допаднале Сопиште и тврдината Кале.

Japonka-argentinka-indijka-ni-odgovaraat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dobri-lojalni-druvstveni-no-i-tvrdoglavi-i-dramaticni-04.jpg

Аргентинката Рената: Македонците даваат срце за пријателите

Рената Акуња од аргентинската престолнина Буенос Аирес вели дека своите пријатели од Македонија ги има запознаено додека работела на брод.

Пред започнувањето на бродската кариера знаела многу малку за нашата земја, од она што го учела на часовите во историја или некои телевизиски програми.

Таа вели дека тоа што најмногу ѝ се допаѓа кај Македонците како пријатели е нивниот искрен и чист, дури и наивен концепт на пријателство, оној кој го имаме кога сме многу млади и другарите ни се бесценети.

„Тие даваат сè од сè срце за своите пријатели. Градат цврсто засолниште за своите пријатели и се навистина сериозни за одржување на другарските врски“ - вели оваа млада Аргентинка, која додава дека токму тоа е најголемата разлика од нејзините сонародници, кои иако ги знае со години, не ги чувствува толку блиски како добрите другари од Македонија.

Japonka-argentinka-indijka-ni-odgovaraat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dobri-lojalni-druvstveni-no-i-tvrdoglavi-i-dramaticni-05.jpg

Таа појаснува дека со сите своите пријатели имаат силна врска иако територијално се далеку и се од навистина различни култури.

Рената додава дека она што ѝ се допаѓа кај нејзините пријатели од Македонија е што се упорни и не се откажуваат од своите замислени цели и секогаш го добиваат она што го посакуваат.

„Сонувам да ја посетам Македонија, дури имам направено и план, но чекам подобри времиња“ вели Рената, која додава дека има магнет од Скопје на својот фрижидер и слика на полицата. Го сака силното македонско кафе и локум, кои ги добила како подарок.

Од својата добра пријателка од Скопје вели дека научила да се бори, да биде упорна и да не откажува.

„Им се восхитувам на Македонците колку се силни“ – завршува таа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Андреа Лекиќ: Би ми било многу тешко, ако сега треба да бирам помеѓу кошарка и ракомет! Пиевме кафе на омиленото место на Андреа Лекиќ. Девојката која заедно со целиот ...
Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил! Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчес...
Владимир Петровиќ - “Мали од Наше Маало”: Прва љубов ми е девојчето од градинка, а потоа глумата Пред 17 години на екраните се појави серијата „Наше маало”, која до ден денес бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg