Македонија низ објективот на Ристе Стамаџиев: „Не знаев да ракувам со апарат – сега фотографијата ми е професија“

Ристе Стамaџиев има 21 година и е млад фотограф што ги доловува убавините на Македонија, а во неговите уметнички фотографии особено место наоѓа неговото родно Кавадарци.

riste-stamadjiev-pred-3-godini-ne-znaev-da-rakuvam-so-foto-aparat-denes-fotografijata-mi-e-povekje-od-profesija-01.jpg

Во разговор за CRNOBELO.COM Ристе ни откри повеќе детали за себеси, за својата работа. Тој завршил средно образование во Кавадарци, а во моментов студира компјутерско инженерство и технологии на факултетот за Информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Со фотографија започнал да се занимава сосема случајно, откако претходно се вљубил во магијата на фотоапаратот.

riste-stamadjiev-pred-3-godini-ne-znaev-da-rakuvam-so-foto-aparat-denes-fotografijata-mi-e-povekje-od-profesija-001.jpg

Приказната почнала пред 3 години, кога заедно со еден другар направиле портал за Кавадарци каде објавувале фотографии од убавините и знаменитостите на Кавадарци, од сите спортски и културни манифестации, ноќниот живот и слично. Иако тој имал други задачи во работата на порталот, полека почнал да покажува зголемен интерес за фотографијата.

riste-stamadjiev-pred-3-godini-ne-znaev-da-rakuvam-so-foto-aparat-denes-03.jpg

„Мојата задача беше дизајнирање на постери, плакати, банери и одржување и ажурирање на порталот. Фотографиите беа задача на колегата. Сè до моментот кога и јас некако успеав да стигнам до апарат, да направам неколку фотографии кои добија одлични критики и позитивни реакции и сето тоа беше мотив да продолжам да фотографирам.

Ден по ден, слика по слика сè повеќе и повеќе уживав во фотографирањето и по подолго размислување конечно купив мој апарат“ – вели тој.

riste-stamadjiev-pred-3-godini-ne-znaev-da-rakuvam-so-foto-aparat-denes-04.jpg

Дали посетуваше одреден курс за фотографија, дали некој ти помогна на почетокот?

Кога го купив апаратот се соочив со вистинските проблеми, затоа што не знаев како се ракува со него, не знаев ништо.

За моја среќа, во нашиот град има професионалци кои се занимаваат со фотографија, кои несебично ми помогнаа и ме внесоа во тој свет на фотографијата. Тие ме упатија во занаетот, вклучувајќи ме во проекти и покажувајќи ми на кој начин да работам.

riste-stamadjiev-pred-3-godini-ne-znaev-da-rakuvam-so-foto-aparat-denes-05.jpg

Главна инспирација ти е Тиквешијата и Тиквешкото езеро – Колку често одиш до езерото за да направиш нови фотографии?

„Тиквеш Тиквеш убав крај, ти си прекрасен“ – така пее Никола Бадев, така е и за мене.  Тиквешијата е прекрасно место за живеење кое постојано инспирира. Место со голема историја, голем број на знаменитости кои имаат тежина не само за Кавадарци, туку и за македонската историја, култура, традиција. Тиквешкото езеро е посебна приказна. Најголемо вештачко езеро во Македонија, место каде има животински и растителен свет кој го нема на друго место, познати легенди и приказни кои го прават навистина посебно место.

Особено изгрејсонцата и зајдисонцата на Тиквешко се најпрекрасното нешто што сум го видел досега и затоа ми се голема инспирација.

Исто така, Тиквешкото езеро е и одличен терен за астро или ноќни фотографии. Многу често и многу време поминувам таму, многу фотографии се направени таму, а уште многу и ќе бидат направени затоа што секој пат кога одам, откривам нов предел, ново место и секој пат се чини како да одам таму за прв пат.

riste-stamadjiev-pred-3-godini-ne-znaev-da-rakuvam-so-foto-aparat-denes-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Даниел Николовски, фризер и шминкер: „Елена Ристеска ми е како сестра, Наташа Беквалац е најзабавнат... „Наташа Беквалац, која со право важи за една од најубавите жени на Балканот, е и...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Марјана Павличек, фотографка: „Дамите сакаат да се фотографираат голи, но се плашат што ќе кажат дру... Марјана Павличек од Куманово повеќе од десет години се занимава со фотографија, ...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и по... „Секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита. Од кога паметам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg