Теодор од Куманово, колекционер на плочи: „Мојата колекција брои од 800 до 1.200 винилки“

Пуца Череп или Теодор Спиридоновски од Куманово, како што вели за себе е напорен син, злобен брат, забавен вујко и дружељубив другар и од кога знае за себе музиката е дел од неговото секојдневие.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 14

Својот средношколски период го памети по истражувањето музиката и жанровите и со секој нов ден сè повеќе и повеќе растел неговиот интерес и спектар во музиката.

Посебно се посветил на фанк музиката, но самиот звук и омотите на винил изданија го примамиле да си фантазира како еден ден ќе си има свој грамофон + плочи и како ужива во незаменливиот аналоген звук.

По одреден период неговата визија конечно се остварила сосема спонтано и од 2014 година па сè до денес редовно си купува винилки.

И самиот се прашува кој би рекол дека ќе се случи една ваква преобразба и додава: „како деца кршевме винили, а сега раце ќе скршам ако видам некој да го стори истото“.

За CRNOBELO.com тој ја открива својата колекција и раскажува за неговата пасија...

Кога го набави првиот грамофон и од кога почна да собираш грамофонски плочи?

Првиот грамофон легна набргу откако ги купив винилите, бидејќи нели дел од планот беше да поседувам винили и да ги слушам.

Така да приказната оди вака: во првата половина од 2014 година склопив една добра зделка и си купив околу 200 винилки од кои 50-70 беа лонг плејки (LPs), останатото беа синглови, но не беше тоа комплетно нели, нормално сакав да си ги слушам и да уживам, така да набргу си купив и грамофон: Technics Quartz SL-QL15, што не би го препорачал на некој денес, но, во тоа време мене ми беше супер, со него конечно можев да си ја слушам мојата мини колекција.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 6

Со кои грамофонски плочи ја започна својата колекција?

Изборот на жанровите беше прилично на сите страни, бидејќи на почетокот не ми беше многу битно кои албуми ги поседувам, само сакав да поседувам винилки и да го уживам тој нивен шум кога ги слушам, така да колекцијата започна од Boney M, па сè до француски шансони, грчкото бузуки и мексиканските гитари и труби.

Колку плочи брои твојата колекција?

Искрено никогаш ги немам преброенo сите, но вака од око кога ги гледам, би требало да има околу 800 до 1.200 винилки.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 5

Од каде ги набавуваш плочите?

Редовно одам на бувљакот во Куманово и некогаш ќе се најдат доста добри ствари. Исто во Куманово го имаме Бојан со Q-rec Online Shop, додека во Скопје има поголем избор од кои: кај кејот пред ГТЦ, старата чаршија, МКЦ (апотека) и изузетно добриот бар АудиоКултура и нормално ги пратам берзите на винили по Македонија.

Постои ли плоча која е камен темелник на целата колекција?

Секако дека да, всушност имам неколку кои секогаш ги слушам на максимум од кои War – Lowrider, ZZ top – Sharp dressed man, Prince – Kiss, Rod Steward – Da ya think I’m sexy, Bananarama – Venus, Wham – Careless whisper, The Beatles – Lady Madonna.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 8

Кои ти се најнепожелните плочи од колекцијата?

Немам баш непожелни винили, попрво би кажал дека има одредени винилки кои без некоја причина ги избегнувам и не верувам дека некогаш ќе седнам да ги слушам, а од друга страна пак истите не ми се даваат или пак да треба да ги фрлам.

Имаш ли целосно комплетирана дискографија на некој музичар?

Сега за сега, за жал немам, но би сакал да имам од Lenny Kravitz, Prince, SOS Band, Jamiroquai, Michael Jackson, Klaus Layer, Damu The Fudgemunk, Dino Dvornik …

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 10

Како е организирана твојата колекција на плочи?

Бидејќи сум педантен, дефинитивно не е организирана, како што сакам, од време на време ги преуредувам, но досега не сум успеал да ги средам толку добро што точно ќе знам кој албум каде се наоѓа.

Имам еден мал дел што е нареден по азбучен ред, но мојата цел е да ги подредам по жанр што не верувам дека во блиска иднина ќе се оствари.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 12

Има ли плочи со кои посебно си поврзан и те потсетуваат на некој период од твојот живот?

Вообичаено можам да се сетам која од каде ја имаме купено, така што, може да ме наврати на моментот на пазарење и преговарање за албумот.

Еден најдраг улов ми е Kool and the Gang – Get down on it – ја купив во Софија и секогаш кога ќе налетам на неа ме навраќа на тој краток престој во Софија.

Дали слушаш музика за да те расположи или пак слушаш музика според расположението?

Би рекол двете. Интересен момент беше кога фати короната и полициските часови, работев од дома тој период и наместо како вообичаеното што си слушав музика преку Јутјуб, тој период си ги вртев плочите додека работев, што ми даваше добар вајб и поттик за работа.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 11

Постои ли албум што го бараш со години и сè уште го немаш најдено?

Има многу, но би ги издвоил, The SOS Band – SOS, Midnight Star – Headlines, Dino Dvornik – Dino Dvornik.

За која плоча имаш најскапо платено?

Неодамна бев во Виена и го купив најновиот албум на Jorja Smith – Be right back, 30 евра и тука е исто Doggystyle албумот од Snoop Doggy Dogg и сè уште ми се во mint condition, се мислам дали да ги чувам неотворени или да ги спукам на грамофонот на макс.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 7

Тука ќе го завршиме разговорот. Која ти е последна купена плоча?

Последно што имам купено се всушност трите албуми на македонскиот алтернативен бенд RIB, топло би ги ви препорачал да ги слушнете, страшно добра музика од еден светски бенд со прекрасни Surf-rock звуци, кои ќе ви направат да се чувствувате како да сте во некој филм од 1960 или 1970. Пуца Череп одјава.

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 1

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 2

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 3

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 3

teodor spiridonovski puca cerep od kumanovo kolekcioner na ploci mojata kolekcija broi od 800 do 1200 vinilki 4

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Трајковски, сликар и тату артист: „Живееме во многу брзо време, не треба да не се потпираме са... Дарко Трајковски од Куманово е сликар и тату артист, кој според приказните на ма...
Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди...
Алма од Велес: „Имам домашен миленик полжав - Гери живее во аквариум и обожава да се гали“ „За неговото живеалиште, аквариумот, потребно е да нема предмети од коишто може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg