Урбан лик: Злате Мехмедовиќ - наш доктор со префинет моден стил и колекција со повеќе од 100 пара чевли (фото)

Сепак, може да кажам најмногу го сакам ребел-бајкер стилот, со кожена јакна и џинс, а најкомотно се чувствувам во спортска варијанта.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-03.jpeg

Имам многу чевли и патики, можеби преку 100-тина и сè уште имам чувство како некои да ми фалат во колекцијата. Дома, две третини од гардероберите се мои, жена ми често знае да каже дека сум го окупирал домот со мои работи и дека ми е навистина доста. Јас пак не мислам така.

Шопингот ме релаксира и сакам да шетам низ продавници, тоа е нешто без што не можам да си замислам да ми помине неделата.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-07.jpeg

Омилени ми се црната и белата боја, тие ми се фаворити од секогаш, од дете, но немам омилено парче маица, џинс или јакна. Од додатоци секогаш носам часовник, имам неколку внимателно одбрани елегантни и спортски, но во последно време сакам да носам стари часовници на навивање, во нив има некоја посебна убавина.

Накит носам летно време и тоа најчесто ланчиња, алки и прстени и нормално кога е убаво и сончево времето носам очила за сонце.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-04.jpeg

Oткрива кои се неговите навики од секојдневието и на која е најгорд:

„Една од моите најубави навики, барем јас така си ја доживувам е тоа што многу рано станувам. Во 5 наутро сум буден, пијам еспресо и денот почнува. Тоа е најмирниот период од мојот ден и во тој период читам, имам мирни 2 часа да се фокусирам на стручна литература или на сè она што е поврзано со мојата професија и личен развој.

Исхраната ја променив минатата година бидејќи работата во ковид центарот ми го измести начинот на кој се хранев, па сега внесувам помалку шеќери, повеќе протеини и повеќе вежбам.

Ако се повикам на моето мото дека за 5 години би требало да бидам подобрата верзија од тоа што сум денес, ќе морам да го засилам темпото на вежбање за да го достигнам тоа што сум го замислил, убеден сум дека ќе успеам.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-14.jpg

Доктор Злате споделува кое е неговото хоби:

„Хобито ми е поврзано со професијата, да бидете доктор е едно, но да создадете совршено работно место е друго и треба познавања на многу повеќе познавања од повеќе области (менаџмент, економија, здравствени системи).

Хобито ми е поврзано со дизајнирање на оптимални здравствени системи, засега е само хоби, во период кој следи ќе треба тоа хоби да добие некоја поинаква форма.

Вежбам секој ден, дома, имам мала домашна теретана од неколку сетови на тегови и за мене е најпрактичен тој начин на одржување на формата. Не сум приврзаник на вежбањето во големи теретани, едноставно повеќе уживам кога тоа го правам дома.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-16.jpeg

На тема социјален живот и ноќни излегувања вели:

„Ретко излегувам во последно време и немам некое посебно омилено место каде би сакал да го поминам времето. Сакам мирни места, каде со семејството можам да испијам кафе, без гласна музика и многу гужва.

Сепак, се сеќавам на деновите кога се излегуваше во ГТЦ, тогаш не ми сметаше гужвата и гласната музика. Со задоволство се сеќавам на ритуалот „пиење на пладневно еспресо“ со моите пријатели во култното кафуле „Змија“.

Шемата од моето време беше поинаква од тоа како е денес, тогаш се одеше во кафуле, па диско, денес се оди во кафеана, па може и да не се оди во диско. Секоја генерација си има своја шема и веројатно за секој од нас најубавата шема е таа со која сме ја поминале нашата младост (сè уште се чувствувам млад, само што шемата повеќе не е таа) и не би вратил ништо од таа шема, имам други планови за иднината, шемата е апсолвирана работа за мене - таа школа сум ја завршил.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-04_1.jpeg

Злате е вљубеник во авто-мото спортот, па вели:

„Мислам дека не постои маж кој не е љубител на автомобили или можеби моторцикли, јас сум љубител на сè што е поврзано со авто-мото. Возам автомобил и скутер, а во наредниот период би сакал да купам поголем моторцикл и да уживам во малку подолги патувања на тој начин, со моторцикл.

Од авто-мото спортот фанатик сум за Формула 1, од дете ја следам, имам свој омилен возач за кој навивам. 45 години не се малку, се изменија многу возачи за тој период, но јас секогаш сум навивал само за еден од моментот на неговото влегување во Ф1 до неговото пензионирање. Сум навивал за Прост, па Алеси, Вилнев, Монтоја и последен мој фаворит е Хамилтон.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-05_1.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Томас Естрани: „H&M нè охрабрува да го истражуваме личниот стил“ Што ја прави H&M уникатна компанија, на што е најгорд од работата во компани...
Снежана Петкас, астролог: „Дневно правам 3 до 4 натални карти, жените најмногу ги интересира љубовта... „Кога правам натална карта најчесто жените повеќе ги интересира љубовниот живот,...
Фиданка од Скопје изработува икони: „Работниот ден ми започнува со молитва, најголем предизвик ми бе... „Додека изработувам икони целосно сум внесена во работата, а работниот ден го за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg