Урбан лик: Злате Мехмедовиќ - наш доктор со префинет моден стил и колекција со повеќе од 100 пара чевли (фото)

„Имам многу чевли и патики, можеби преку 100тина и сè уште имам чувство како некои да ми фалат во колекцијата. Дома, две третини од гардероберите се мои, жена ми често знае да каже дека сум го окупирал домот со мои работи и дека ми е навистина доста. Во моите карактерни црти перфекционизмот има посебно место, сè што правам, сè што сакам, сето она што го привлекува моето внимание мора да биде перфектно, па така е и на поле мода, но и кариера“, вели Злате Мехмедовиќ (45), кој повеќе од 20 години работи како доктор, а го знаеме како урбан лик кој навистина внимава на стилот.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-01.jpg

Злате Мехмедовиќ (45) по професија доктор специјалист по медицина на труд, во моментот на субспецијализација пулмологија и алергологија, како доктор работи речиси 20 години.

Самоуверен, посветен и со изграден стил со низа телевизиски појавувања, тој остава силен впечаток во секоја пригода.

Посветен на кариерата, со семејството како најголема инспирација и поддршка, тој открива за CRNOBELO.com детали од својот живот.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-10.jpeg

Со него поразговаравме на тема што го инспирира, мотивира и исполнува, но и за неговиот впечатлив моден стил, како и навиките од секојдневието.

За изборот на својата професија за CRNOBELO.com Злате Мехмедовиќ вели:

„Живеев во семејство во кое повеќето членови (мајка ми, татко ми, вујко ми, вујна ми) работеа во Итната медицинска помош, и тоа е местото каде што израснав. А луѓето од Брзата помош со кои израснав  и до ден денес ме викаат по мојот прекар од детските денови - „Бато“.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-02.jpeg

Имаше совршена работна атмосфера, тогаш Брза помош беше како едно големо семејство. Од тие детски денови знаев дека сакам да работам како доктор во таква убава средина.

Доктор станав, а средината налик на онаа во која што израснав, сè уште ја барам.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-06.jpeg

На темата - негови најголеми достигнувања и животно мото, вели:

„Сметам дека нема големи/најголеми достигнувања додека сте жив и сè уште можете да создавате и работите. Во моите карактерни црти перфекционизмот има посебно место, сè што правам, сè што сакам, сето она што го привлекува моето внимание мора да биде перфектно.

Посебно внимание посветувам на деталите и често знам да бидам критичен кога нешто нема да го исполни мојот критериум, а тој е да се биде перфектен во секој аспект. Поради таа моја особина првиот впечаток за мене е дека сум сериозен и строг, но по неколку разменети реченици работите се менуваат и еден од почестите коментари е „подобар си кога се смееш“.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-08.jpeg

„Моето животно мото е во согласност со она што го кажав за достигнувањата, нема најголемо достигнување, растеш, се надградуваш и создаваш додека си жив.

Личноста со која се споредуваш и со која се натпреваруваш си ти самиот. Во годините што следат ти треба да бидеш подобар единствено од самиот себе.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-05.jpeg

И кога ќе ме прашаат каков или како кој би сакал да бидам, мојот одговор е: „За 5 години би сакал да бидам Злате на 50 години“, тоа е ликот кој се трудам да го достигнам, не се натпреварувам со други, се трудам да се надградувам секој ден и да бидам подобра верзија од она што сум бил вчера.“

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-11.jpeg

Злате е познат по добрите модни комбинации и неговиот моден стил не минува незабележано, па моравме да го прашаме каков имиџ сака да негува:

„Немам некој моден стил за кој сум приврзан, се трудам да бидам секогаш соодветно облечен за секоја прилика.

На формални настани најчесто сум во бизнис-кежуал варијанта, а понекогаш во класичен и елегантен стил.

urban-lik-zlate-mehmedovikj-nash-doktor-so-prefinet-moden-stil-i-kolekcija-od-povekje-od-100-para-chevli-foto-09.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Елена од Скопје и колумбискиот фудбалер Себастиан: „Ме запроси во Колумбија, а... „Се запознавме пред 4 години во Скопје сосема случајно, благодарение на една мој...
Фросина е креативна девојка од Скопје: „На дрвена подлога ковам шајчиња и плетам со конец - делата с... „Плетените слики се изработуваат на дрвена подлога која може да биде во различна...
Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“ „Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg