Искуства од жртви на булинг од Велес и Куманово: „Траумите оставаат огромни последици, а некогаш завршуваат и со самоубиство“

Секој септември, за почетокот на учебната година, се трудам да напишам нешто за булингот (врсничкото насилство), за да се подигне свеста во однос на овој грозоморен чин. 

iskustva-od-zhrtvi-na-buling-od-veles-i-kumanovo-traumite-ostavaat-ogromni-posledici-a-nekogash-zavrshuvaat-i-so-samoubistvo-01.jpg

Булингот претставува секаква форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата и помеѓу врсниците, а во модерното време не застанува таму. За жал, булингот продолжува да ги следи децата во домот и преку социјалните мрежи. И за жал, во нашето општество, овој пат резултираше со изгубен живот.

Не очекував дека учебната година ќе почне со вест за самоубиство на ученик од Македонија, баш поради булинг. Некако ми е тешко за почетокот на оваа учебна година да напишам што и да е, а да не звучи како повторување. Баш оваа трагедија како да ми го заврза јазикот, и вкочани прстите.  

А сепак се чувствувам лично засегнат да напишам нешто. Најмногу затоа што на своја кожа имам почувствувано булинг поради грст причини, а најмногу поради тогашната моја говорна мана, изглед и финансиски статус (најмногу во текот на средното образование).

Уште еднаш би повторил, дека неинтелигенцијата на оние кои се поставуваа како најинтелигентни соученици мои (и професори), беше срушена од нивната злокобна намера, потреба и желба да бидат насилници. 

Психата на секое дете, на секој тинејџер во развој, е кршлива, кревка, нежна. Знае да биде пресудна, исто како леење на стаклени скулптури под влијание на оган. 

Се прошири веста дека тинејџерот од Македонија бил исмеван и поради тоа што родителите му биле постари (покрај останатите причини).

Никогаш немаше да помислам дека такво нешто може да е причина за исмевање. Тие родители добиле дар на постари години, и наместо тоа да е причина за радост, сега е причина за тага.

До каде достигнува омразата на луѓето? Како се воспитани овие деца? Како се воспитани и тие родители и професори кои поддржуваат булинг? 

Iskustva-od-zhrtvi-na-buling-od-Veles-i-Kumanovo-Traumite-ostavaat-ogromni-posledici-a-nekogash-zavrshuvaat-i-so-samoubistvo-02.jpg

Ненад Начковски од Куманово, сега наставник по латински јазик, кој исто бил жртва на булинг како дете, за CRNOBELO.com вели: „И јас сум го трпел булингот во основно и во средно училиште, како од некои наставници, така и соученици.

Ставен си во ситуација да трпиш тортура секој ден, се радуваш кога такви некои се отсутни, знаеш дека нема да се изживуваат, некои наставници лечеа фрустрации на училиште, а понатаму, низ целиот тој процес, затворен во четири ѕида со нив, носиш трауми низ животот.“

Iskustva-od-zhrtvi-na-buling-od-Veles-i-Kumanovo-Traumite-ostavaat-ogromni-posledici-a-nekogash-zavrshuvaat-i-so-samoubistvo-03.jpg

Ненад продолжува: „Имам пријател кој трпеше булинг во основно училиште, а беше сосема фино и воспитано дете со самохрана мајка.

Некаде при крајот на осмо одделение почна да им се спротивставува, да се тепа со едни, со други, да покажува сила „дека е рамен на овие алфа-мажјаци“, во средно училиште не знам каква му беше ситуацијата, но, знам дека почна да пие, да консумира наркотици.

Во зрелоста имаше „лошо друштво“, го искористија финансиски откако почина мајка му и заврши во затвор.“ 

И навистина е така. Кога и јас (Кирил) го трпев сиот тој булинг додека учев во Велес, се радував кога силеџиите беа отсутни, кога е викенд, празник. Секој ден се будиш со страв, не сакаш да одиш на училиште. Среќен си кога и ти си болен, бидејќи не треба да се соочиш со нив.

Iskustva-od-zhrtvi-na-buling-od-Veles-i-Kumanovo-Traumite-ostavaat-ogromni-posledici-a-nekogash-zavrshuvaat-i-so-samoubistvo-04.jpg

И во Велес имаше една ситуација како две девојчиња напишаа проштални писма, поради една професорка кој има вршеше незамислива тортура. Изнапишаа дека сакаат да се самоубијат.

Па, одвај ги одвратија, па ги преместуваа во други класови каде не е таа. И тоа е еден сноп од трауми што ќе ги следи целиот живот. 

До каде ќе оди оваа лудост, јас не знам. Кога и од оние од кои треба да бидеш одбранет, ти си малтретиран. Системски, државата подвали за добросостојбата на децата. И континуирано ништо не прави за да може да се спречи оваа појава. 

Ненад потенцира: „Булингот е еден од најнепријатните животни удари што може да ги доживее млад човек, малолетник.

Оваа негативна појава, која е одраз на неправилно пубертетско созревање на садистички настроени ученици со растурено или некохезивно семејно јадро или на несоодветна педагошко-психолошка поставеност на фрустрирани или на непрофесионални наставници залутани, дотраени во рамки на образовните институции, треба секојдневно да се следи, анализира и третира.

Траумите оставаат последици!

Iskustva-od-zhrtvi-na-buling-od-Veles-i-Kumanovo-Traumite-ostavaat-ogromni-posledici-a-nekogash-zavrshuvaat-i-so-samoubistvo-05.jpg

Булингот се случува поради многу причини. Недоволно љубов во животот на силеџиите, скршено семејство, изместени вредности. Ненад потенцира дека булингот се јавува поради „недостиг на емпатија. А и разбирање и почит е она што недостасува денес.

Тие вредности се всадуваат од најмали нозе. Наставникот отпосле треба само да надоградува, а не да ги учи на нешто што родителите го испуштиле.“

Премногу сме неми, глуви, слепи. Како да одбираме да не зборуваме, да не слушаме, да не гледаме. Не се подигнува гласот доволно за да се реши овој проблем, а се чини како ова општество да не знае колку е сериозно. Од тоа се оформуваат вашите деца кои прават булинг и кои се мета на булинг. Ама не можам а да не помислам дека децата учат и од родителите дома. Ако стеблото е труло, и плодот ќе е таков.

Камоли во 2003 и 2004 во Велес да имав вакви канали за подигнување на свеста и пријавување/обелоденување на насилството. Со задоволство ќе обелоденев со имиња и презимиња и професори и професорки, и разгалени деца на и злокобни дела. 

Но овој проблем не е само во Скопје, Велес, Куманово. Овој проблем е проширен насекаде во светот. Распространет како канцер, зафаќа каде и да стигне, и некаде усмртува. 

Жално за многуте. Жално и душепогубно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Цеце Николова за растењето без родители: „Првата жена која ме згрижи беше лоша, ми покажа како изгле...  „Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со ист...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплина... „Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg